Средношколци од семејства со ниски приходи може да аплицираат за надомест за школски прибор

Министерството за образование и наука го објави повикот за аплицирање за еднократна финансискa поддршка од 3.000 денари за купување училиштен прибор за ученици запишани во јавните средни училишта во 2020/2021, кои се од семејства со ниски примања, согласно со уредбата со законска сила донесена во јуни.

Финансиската поддршка за школски прибор, за која може да се аплицира во наредните десет дена,  е наменета за ученици постари од 16 години на денот на влегувањето во сила на оваа уредба и се членови на семејно домаќинство во кое остварениот просечен месечен доход во семејството по сите основи за 2019 година не е поголем од просечната исплатена нето-плата по вработен за март 2020 година, според Државниот завод за статистика.

Училиштен прибор се: тетратки, листови за боење (блок за цртање), прибор за пишување, прибор за боење, бои, училишни торби (ранци), гуми за бришење, острилки за моливи, прибор за пенкала и моливи, технички моливи, калкулатори, глина за моделирање, линијари, шестари, лектири, Брајова хартија, како и спортска опрема (спортски обувки и спортска маица и спортски панталони) за потребите на наставата за спорт и спортски активности.

Рокот за пријавување на учениците трае до 17 август 2020  на интернет-платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk односно  www.digjitalizohu.mon.gov.mk или со доставување на документите во Министерството за образование и наука.

На наведената интернет-платформа Министерството за образование и наука најдоцна до 10 септември ќе ја објави листата на корисници на средства за купување училишен прибор и ќе ја достави до банките издавачи на домашна платежна картичка.

Во известувањето на МОН се наведени потребните документи и упатството за аплицирање.

Како што беше соопштено на донесувањето на уредбата,  по објавување на финалната листа, корисниците на еднократниот надомест ќе треба да го искористат најдоцна до 15 октомври и само за намената за која им е доделен. Парите ќе им бидат префрлени на платежна картичка за домашни производи и услуги, а ако не ја поседуваат, дополнително ќе им биде издадена. 

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно