Ева Лонгорија и во 5-та деценија има сексапилна линија

Холивудската актерка Ева Лонгорија (45) за време на пандемијата на коронавирусот работела на својата линија и многумина велат дека ја довела до совршенство.

Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“, која е мајка на синчето по име Сантјаго Енрике, неодамна се пофалила со фотографија од теретана, а покрај тоа и колку била задоволна со својот резултат од вежбањето.

За тоа дека Ева Лонгорија во 5-та деценија има сексапилна линија, сведочат и фотогафиите во костим за капење кои ги објавила.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🖤🖤🖤

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on

Фановите и замерија дека внукот на Цеца го знаат сите, а нејзиниот син никој – еве што објави Александра Пријовиќ

Пејачката Александра Пријовиќ своето слободно време го поминува заедно со својот син Александар кои го доби во бракот со Филип Живојиновиќ.

Парот ретко објавува фотографии со синот, но пејачката се чини се почесто во последниот период сака да се пофали како ужива во друштво на синчето.

Па така овој пат таа сподели фотографија додека беше на прошетка со Александар држејќи го за рака.

Со ревијалната вечер почна „Макфест“

Синоќа во Штип се одржа 35. издание на најреномираниот музички фестивал во нашата земја, „Макфест“.

Поради пандемијата на коронавирусот за првпат во неговата историја „Макфест“ се одржа на отворено, на градскиот плоштад „Слобода“.

На ревијалната вечер беше направена ретроспектива на песни и изведувачи кои го обележаа фестивалот изминативе 35 години.

Лидија Кочовска, Дарио, Ристо Самарџиев, Трајче Манев, Олгица Христова, „Интервали“ и други наши изведувачи во придружба на оркестарот „Биг Бенд“ и под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски ја потсетија публиката на најголемите и најслушани хитови кои биле изведени на „Макфест“, а се слушаат и денес.

Преку видео пораки публиката и организаторите ги поздравија и фронтменот на групата „Поп дизајн“ и Словенката Хелена Благне.

Организаторите на фестивалотму оддадоа почит и на Драган Вучиќ, кој пролетва ја изгуби битката со коронавирусот.

Лепа Брена во бело бикини ужива на одмор во Црна Гора

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена уште еднаш покажа дека има тело на кое може да му позавидат и многу помладите девојки. Лепа Брена во моментов ужива на својата јахта во друштво на сопругот, легендарниот тенисер Боба Живојиновиќ.

Атрактивната пејачка сега објави фотографија д одморот во Црна Гора на кое Брена плени со својот изглед во бел костим за капење.

Брана и Боба со своите пријатели уживаат во топлото време и во септемрви на одморот на црногорскиот брег.

Популарно