Семејството и пријателите денеска се простија од писателката Исидора Бјелица

Српската писателка Исидора почина на 53-годишна возраст, по долгогодишна борба со опасната болест.

Писателката Исидора Бјелица почина на 5-ти август, по долгогодишна борба со ракот, а денес на 8-ми август со почеток во 15:50 часот одржан бил погребот.

На Новите гробишта во Белград присуствувале членови од семејството, пријатели, но и оние кои што го почитувале делото и ликот на Исидора, па упатиле последен поздрав и се простиле од неа.

Меѓу нив биле синот на Исидора, Лав, ќерката Вила, сопругот Небојша, како и нејзините родители, мајката Невенка и татко Димитрие.

Од српските јавни личности присуствувале познати политичари и музичари со нивните семејства.

Инаку, комеморацијата во чест на Исидора била одржана денес, во 12 часот во малата сала во Сава центарот.

Србија ги повика своите државјани да се вратат во земјата до петок во 18 часот

Српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот ги повика сите државјани на Србија кои престојуваат во Црна Гора и и Хрватска да се вратат во земјата до петок во 18 часот, затоа што од тогаш ќе стапат на сила нови мерки и активности за лицата кои ќе влезат во земјата.

„Апелираме на сите граѓани до крајот на оваа недела да се вратат затоа што после тоа ќе имаме поинаков режим за сите кои ќе влезат во земјата“, изјави заменик директорката на Институтот за јавно здравје, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Појасни дека од тогаш ќе биде воведен 10 дневен надзор за сите патници кои ќе влезат во Србија од Црна Гора и од Хрватска.

Кисиќ Тепавчевиќ кажа дека во следните денови на јавноста ќе ѝ бидат презентирани и презицирани дополнителни мерки.

На денешниот состанок на Кризниот штаб се очекуваше да биде одлучено дали српските државјани кои се враќаат од летување од Црна Гора и Хрватска ќе мора да поминат 10 дена во самоизолација.

Анкара ја честиташе независноста на Македонија, познат објект се обои во црвено и жолто

Познатиот објект, Атакуле во Анкара синоќа беше обоен во црвено и жолто. Истовремено на него беа испишани зборовите „Честит Ден на независноста на Република Северна Македонија“ и беше истакнато македонското знаме. Честитката беше објавена на турски и англиски јазик, а причината е денот кога Република Македонија одбележува 29 години од својата независност. 

Атакуле е познат шопинг центар кој на својот врв има ротирачки ресторан, сместен е во непосредна близина на куќата на премиерот и познатата ботаничка градина во Анкара. 

Србија: 18 годишно момче погодено во глава додека возел, уапсени тројца осомничени

Србија вчера попладне беше потресена од свирепо убиство, во кое животот го загуби 18 годишно момче.

Пукањето се случило вчера околу 17 часот, во Бањица, а покрај настраданиот 18 годишен Филип Л., бил повреден уште еден млад човек, Алекса Ѓ., кој има 21 година. Тој е ранет во ногата и има повреди на главата.

Филип бил застрелан во главата и останал мртов на самото место. Тој потоа долго останал на улицата облеан во локва крв, се додека не завршиле потребните процедури за истрагата.

Како што пишуваат српските медиуми, ранетиот Алекса Ѓ. на полицијата и е познат од минатото за неовластено производство и дистрибуција на наркотици, спречување службено лице во вршење службени должности, насилно однесување, како и кражба.

Според неофицијални информации, тој бил на возачкото седиште во автомобилот, додека убиениот млад човек седел зад него.

Филип живеел недалеку од местото на злосторството. Напаѓачите пукале кон мажите со огнено оружје, при што Филип бил застрелан во главата.

Полицијата уапсила тројца осомничени кои го убиле младиот човек, а другиот го раниле сериозно. Имено, со молскавична акција и блокада на тој дел од Белград, полицијата успеа да ги фати тројцата браќа осомничените за злосторството.

Фотографиите може да ги погледнете ТУКА

Популарно