Героски: Можело да се пцуе Македонија, ама Апасиев бил проблемот

Можело да се пцујат Македонија, Македонците и македонизмот. Дозволени се антисемитски, мизогинични и заканувачки изјави и повици. Не било проблем да се повикува на бесења, на убиствa.

Сиот тој вулгарен говор на една разгорена омраза, за пропагандата на Заев, но и за Обвинителството, е во рамките на неказнивото “метафорично” изразување. Се разбира, сė додека е насочен кон противниците на Заев и на СДСМ.

И сега, Апасиев бил проблемот. Тој бил “екстремниот радикал”. Читам повици неговите вулгарности да се казнат. Читам како му “лепат” психијатриски дијагнози. Очекувам некој да побара да биде уапсен.

Апасиев ги испровоцира нашите Мефистофелеси и нашите скриени цензори да си ги покажат вистинските лица…

Преземено од Поглед

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно