Три дена по породувањето од ковид-19 почина директорката на Институтот за мајки и деца во Сараево

Директотка на Институтот за мајки и деца во Сараево, Белма Шољанин, починала денеска од последици предизвикани од коронавирусот. Како што пренесуваат босанските медиуми, 37-годишната Шољанин, била хоспитализирана во 35. недела од бременоста, со тешка клиничка слика и запаление на градите.

Кога бременоста се развила до минималната зрелост на бебето, бил направен царски рез, по што повторно била ставена во изолација и продолжило лекувањето.

Три дена подоцна, Шољанин ја загубила битката.

Нејзиниот сопруг и двете ќерки, исто така се заразени, додека новороденото момче е негативно.

Две лица загинаа во невремето во Грција

Двајца загинати, 619 спасени, уништени домови, поплавени улици, материјална штета, остави зад себе невремето предизвикано од циклонот „Ианос“ во западниот и централниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во областа Тесалија, во два одвоени случаи, без извлечени безживотните тела на две лица, првите жртви од силното невреме.

Циклонот „Ианос“, предизвика сериозни материјални штети во повеќе делови на Грција, без струја останаа острови во Јонско Море, дел од пругата меѓу Атина  и Солун претрпе штета и создаде проблеми во железничкиот сообраќај.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека од почетокот на невремето во четвртокот вечерта, заклучно со рано утрово добиле 2.450 повици за помош, а интервенирале во спасување во 619 случаи.

Во регионите погодени од медитеранскиот циклон, по наредба на грчкиот премиер, заминуваат заменици- министрите за внатрешни работи и земјоделство и генералниот секретар за инфраструктура.

Кирјакос Мицотакис, како што соопштија од неговиот кабинет, истакнал дека „главната грижа во напорите е заштита на човечките животи“, а лично тој е во континуирана комуникација со Секретаријатот за цивилна заштита и надлежниот министер. 

Србија ги повика своите државјани да се вратат во земјата до петок во 18 часот

Српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот ги повика сите државјани на Србија кои престојуваат во Црна Гора и и Хрватска да се вратат во земјата до петок во 18 часот, затоа што од тогаш ќе стапат на сила нови мерки и активности за лицата кои ќе влезат во земјата.

„Апелираме на сите граѓани до крајот на оваа недела да се вратат затоа што после тоа ќе имаме поинаков режим за сите кои ќе влезат во земјата“, изјави заменик директорката на Институтот за јавно здравје, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Појасни дека од тогаш ќе биде воведен 10 дневен надзор за сите патници кои ќе влезат во Србија од Црна Гора и од Хрватска.

Кисиќ Тепавчевиќ кажа дека во следните денови на јавноста ќе ѝ бидат презентирани и презицирани дополнителни мерки.

На денешниот состанок на Кризниот штаб се очекуваше да биде одлучено дали српските државјани кои се враќаат од летување од Црна Гора и Хрватска ќе мора да поминат 10 дена во самоизолација.

Анкара ја честиташе независноста на Македонија, познат објект се обои во црвено и жолто

Познатиот објект, Атакуле во Анкара синоќа беше обоен во црвено и жолто. Истовремено на него беа испишани зборовите „Честит Ден на независноста на Република Северна Македонија“ и беше истакнато македонското знаме. Честитката беше објавена на турски и англиски јазик, а причината е денот кога Република Македонија одбележува 29 години од својата независност. 

Атакуле е познат шопинг центар кој на својот врв има ротирачки ресторан, сместен е во непосредна близина на куќата на премиерот и познатата ботаничка градина во Анкара. 

Популарно