Колку чини лекувањето на еден пациент со „Ковид-19“ на државен трошок?

Болничкиот третман за еден пациент заразан од Ковид 19, го чини здравствениот систем илјадници евра. Почнувајќи од диагностицирањето со тест, клинички услуги, терапија со лекови и два други теста, до целосно лекување, просечниот трошок достигнува 2,628 евра за еден пациент.

Пациентот не плаќа никаков трошок. Овие податоци на Министерството за здравство се пресметани за 13 дневен престој во болница за еден пациент со тешка клиничка слика предизвикана од Ковид 19.

„Од пациентот нула па се до почетокот на август вкупниот трошок на болничките услуги за сите пациенти хоспитализирани од Ковид – 19 достигна шест милиони евра или близу 370 милиони денари“.

Пресметката на овој трошок е направен од податоците на ИЈЗ, од каде што известуваат дека до почетокот на август, кога вкупната бројка на заразени достигна 11 илјади, на болничко лекување се третирани над 2.000 пациенти. Според нив, актуелно од целата земја во болнички услови се третираат над 20% од пациентите. Во моментов во целава земја во болнички услови се третирани 338 пациенти со Ковид 19, од нив 109 се на кислородна терапија и 12 на механичка вентилација.

Од друга страна, милиони евра се потрошени и за масовните тестирања на суспектни и на останатите лица кои биле во контакт. Досега се реализирани над 110 илјади ПЦР тестови, каде според тендерскара цена од 3,500 денари за еден тест, државата ја чинело над 6,2 милиони евра. Само 25 илјади тестови се донации, останатите трошоци за направени тестови во државните лаборатории пациентите не ги плаќаат од нивниот џеб, туку ги покрива Фондот за здравствено осигурување.

izvor - alsat-m.tv/

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно