Веќе 20 држави побараа од Русија да купат една милијарда дози од првата вакцина против корона

Вкупно 20 земји од Латинска Америка, преку Блискиот исток, до Азија, побараа од Русија да им ја обезбеди првата вакцина во светот против вирусот корона – Спутник В.

Првата вакцина против корона вирусот што беше регистрирана во светот беше онаа направена во Русија. Регистрацијата на вакцината ја потврди и рускиот претседател Владимир Путин, кој исто така изјави дека неговата ќерка ја примила вакцината.

Кирил Димитријев, директор на рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), објасни дека тие веќе добиле нарачки за милијарда дози на вакцината, пренесува РТ.

„Заедно со странските партнери, ние сме подготвени да произведуваме повеќе од 500 милиони дози на вакцината годишно“, рече Димитријев. Тој додаде дека вакцините произведени во Русија ќе се користат во самата земја, додека оние произведени од странски партнери ќе бидат достапни за други земји.

Алексеј Навални објави фотографија и откри како закрепнува по труењето

Рускиот опозиционер Алексеј Навални на Инстаграм објави фотографија на која се гледа како се симнува по скали во болницата во Берлин во која заздравува по труењето со нервниот гас новичок.

Во објавата тој вели дека се уште има потешкотии при качување на скали бидејќи нозете му се тресат, но дека патот до заздравувањето е „чист, иако долг .“

ЕМА го одобри дексаметазонот за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на дексаметазон за лекување на пациентите со Ковид-19  кои имаат проблеми со дишењето.

Дексаметазонот може да се користи за лекување на возрасни лица и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респриратор.

Испитувањето на научниците од Универзитетот во Оксфорд во јуни покажа дека дексаметазонот ја намалува за една третина смртноста кај пациентите во тешка здраствена состојба.

Дексаметазонот веќе е одобрен во Јапонија за лекување на заразените со Ковид-19.

Лекот веќе со децении се користи за лекувања на разнио воспаленија. 

Две земји во Европа ги враќаат рестрикциите

Данска и Исланд враќаат дел од старите мерки со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, а Холандија размислува да го стори истото. 

Во Данска и Исланд од утре ќе има затворање на баровите, кафулињата и ноќните клубови. 

Данска веќе најави дека од утре забранува собирање на јавни настани на повеќе од 50 луѓе, а баровите и рестораните ќе може да работат само до 22 часот.

Во земјата почнаа да се регистрираат зголемен број на случаи со коронавирус, а во последните денови бројката се движи околу 400 на дневно ниво. Во последното деноноќие има 454 нови случаи.

Слични мерки ќе преземе и Исланд, но тие ќе се важат за главниот град Рејкјавик, бидејќи во оваа мала островска земја скоро 99 отсто од новите случаи се во главниот град.

Баровите и ноќните клубови ќе бидат затворнеи во следните четири дена. 

Епидемиолошките анкети на новите случаи покажале дека тие се поврзани со ноќни забави. Само два од 59 нови случаи се поврзани со универзитет во Рејкјавик.

Светската здравствена организација денеска алармира на огромен број новозаразени со корона во Европа, наведувајќи во неделниот извештај дека станува збор за 300.000 позитивни само во последната недела, што е многу повеќе кога пандемијата првпат го достигна врвот во март.

Популарно