Претпладне променливо облачно ,а во пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи

Денеска претпладне не очекува  променливо облачно време. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а дневната температура од 25 до 33 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град. 

Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната температура до 31 степени

Променливо облачно време со засилен северен ветер

Денеска не очекува променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните делови ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Зголемена облачност ќе има и во сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури

Сончево со мала до умерена облачност

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и кон крајот на денот во југозападните и западните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а дневната од 27 до 32 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, а во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност

Денеска не очекува сончево топло време  со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Во четврток попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од земјава. Во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање

Популарно