Филипче: Граѓаните добиваат нов модерен Клинички центар во четири блока – првиот ќе биде завршен во следните четири години

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија најави дека во новиот четиригодишен мандат ќе почне да се гради новиот Клинички центар. Тој истакна дека иако се подобрени условите и се направи реорганизација за подобрување на комуникацијата, сега, при третманот на пациенти со Ковид-19 се видоа недостатоците на поставеноста на клиниките, болниците, посебно во клиничкиот центар, кои физички се оддалечени, што претставува пречка за интегриран тип здравствена услуга и брза размена на стручни лица. 

„Брзо се реорганизиравме и во рамки на тоа дури и сообраќајните проблеми се решија во Клиничкиот центар за да се олесни комуникацијата меѓу клиниките. Но, тоа не е трајно решение. Нам ни треба модерна болница. Клинички центар којшто на граѓаните ќе им служи во следните 60-70 години. Ние преземаме и други активности. Реновиравме огромен број одделенија и клиники за да ги подобриме условите. Но, дефинитивно иднината е во нов Клинички центар“, изјави Филипче. 

Тој посочи дека е почната постапка за изградба на нов Клинички центар, која беше прекината поради изборниот процес и пандемијата со Ковид-19, но сега со стабилизација на ситуацијата, изградбата на Клиничкиот центар ќе почне постапно. Филипче изјави дека планира првиот од четирите блока на новиот Клинички центар да биде завршен во наредните четири години. 

„Постапката практично започна. Ние ја прекинавме поради изборниот процес, коронакризата и сега треба да продолжи. Предлогот и концептот се Клиничкиот центар да биде во четири блока. Верувам дека првиот блок дефинитивно ќе биде завршен во следните четири години. Тоа ќе овозможи дел од сегашните клиники да се преселат и да почнат со работа. Како ќе бидат завршени следните блокови ќе се празнат и клиниките според стратегијата“, потенцираше министерот Филипче, и дополни дека едни од најкритичните и тие на кои им треба многу внимание се клиниките каде има операциони сали и интензивна нега. Што значи дека први би се преселиле хируршките клиники и операционите сали, и сè што е поврзано со хируршка интервенција. 

Во однос на финансирањето, Филипче посочи дека сè уште се работи на финансискиот модел и проценката е дека ќе чини околу 450 милиони евра. 

„Проценката е дека ќе чини околу 450 милиони евра, нешто што сметам дека ќе биде одлична финансиска инјекција и за севкупната економија. Веќе се почнати проектите, дел се и завршени во општината Ѓорче Петров за локалната инфраструктура, локален пат, струја, водовод итн. Така што, сметам дека ќе биде навистина значајна инвестиција генерално за нашата економија“, истакна Филипче. 

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно