(Фото) Госпоѓица Розмантична, по раскинувањето на свршувачката, разголена и саркастична

Македонската мисица и модел Емилија Розман експресно „се сврши“, па „бракот на проба“ со несудениот сопруг Стефан Ангелкоски уште поекспресно и заврши. 24 часа познанство, две недели заедништво и толку од „љубовта на прв поглед“, која исчезна на „првата кривина“, онака како и што се појави – одненадеж и без трага.

Што ли беше тоа што Емилија преку ноќ ја натера да се препушти во брачните прегратки на непознатото момче, па од „брачните води“ во кои не влезе ни „до глуждови“, ја натера преку ноќ и да избега, македонската убавица се обиде во една-две реченици да го објасни во куста изјава за еден од македонските портали:

„Ние не бевме во брак како што пишуваат медиумите. Само се раскина свршувачката меѓу нас. Одлуката за самото запросување беше избрзана, нè понедсоа емоциите и се случи. Ќе гледам на ова како на една авантура, а нему му посакувам сè најубаво и се надевам дека ќе ја пронајде вистинската за него“ – изјави Емилија за порталот „Репортер“, при тоа не спомнувајќи му го ниту името во изјавата на својот довчерашен потенцијален животен сопатник.

Иако Розман тврди дека со Стефан не биле во брак, туку само биле свршени, она што повеќе го нема на нејзиниот Фејсбук и Инстаграм, остана во архивите на медиумските написи, каде на објавените фотографии на тогаш „штотуку земените гулапчиња“, пишува нешто друго: „Just married ( штотуку земени)“  – стои на онаа што госпоѓица Розмантична тогаш ја сподели на своите Инстаграм приказни…

„Стапи во брак со Емилија Розман“ – пишуваше пак покрај  заедничката фотографија што тогаш Стефан ја објави на својот Фејсбук профил.

И кај двајцата – исто, но поразлично од она што сега го тврди во изјавата Емилија Розман!?

Како и да е, во брак или само свршени, Емилија во изјавата не наведе „каде пукнала (пред)брачната тиква“, а од љубовта „од овде до месечината“, остана само… месечината!?

Патем, дали обидувајќи се да ги избрише тазе сеќавањата како во лош сон, Емилија ги избришала сите заеднички фотографии со „несудениот“ сопруг од своите профили на социјалните мрежи, додека кај Стефан се’ уште може да се најде понекоја иод свечениот ручек при семејната прослава на… „свршувачката“!?

Затоа пак госпоѓица Розмантична не пропушти да биде саркастична во најновата фотообјава насвојот Инстаграм, како и претходно, кога правејќи си „мајтап на своја сметка“ со еднаш облечената венчаница „по грешка“ и прати порака и на другата страна.

Овој пат госпоѓица Розмантична со, до душа стара фотографија од плажа, со „разголена задница“  објасни како и е по „разводот“ или како што вели, по „растурањето на свршувачката“.

„Тешко ми е…“ – напишала под својата објава. Или во превод: „Real feel like“… Како на сликата?

ФОТО: Еден погрешен чекор покажа што носи под фустанот

Албанската пејачка направи голема грешка со фустанот кој го облекла, а папараците подготвено ја дочекаа. Рита Ора никогаш не ја криела наклонетоста кон провокативната облека, но вчера направи грешка.

Пејачката, имено, се појавила на една прослава во Лондон, а за таа прилика одбрала огнено црвен фустан со длабоко деколте и со уште подлабок шлиц на нозете. Сето тоа го искомбинирала со црвен детаљ на главата, но ниту тој не го одвлекол вниманието од тоа што се случило.

Секој чекор бил ризичен за пејачката во овој фустан и на крајот и се случило неизбежното, па еден незгоден чекор покажал што крие Рита Ора под фустанот.

(Фото) Јована Јеремиќ ослабе за само една недела, ова е нејзината тајна

Водителката Јована Јеремиќ, која наскоро ќе се проба себеси и како актерка, вели за себе дека е вистинска мачка откако ослабела, а вишокот килограми го отстранила со помош на нутриционист, на кого му се обратила штом видела дека качила килограми.

-Се грижам за тоа што јадам. Сфатив дека ако јадам што сакам, ќе изгледам како гардеробер со три врати. Но, во последните три месеци се здебелив, што не се гледа на телевизија, но свесна сум за тоа, бидејќи секое утро се мерам на вага. Затоа веднаш почнав да јадам по совет на нутриционистот и за една недела го изгубив вишокот! Сега треба само да ја одржувам тежината, изјави Јована Јеремиќ, која вели дека претходно имала вишок килограми, но дека на мажите тоа не им пречело.

-Како девојка имав 58 килограми. Отсекогаш сум била привлечна за мажите. Кога учев, тие реагираа на мене, иако никогаш не бев средена. Во тој период најмногу вложив во своето знаење и не ми беше важно како изгледам. Меѓутоа, кога завршив четврта година на Правниот факултет, сфатив во каков свет живееме. Ако сакам да направам нешто, морам да станам мачка, изјави Јована, водителка на Пинк.

ФОТО: Девојки запрепастени од она што го виделе на фотографија од Ибица

Фотографија од девојки од Велика Британија стана популарна преку ноќ, поради еден дтаљ кој се крие на неа.

Одоморот на Ибица за три пријателки се претворил во мини пекол откако ги изгубиле патните исправи.

Имено, девојките се фотографирале во ноќен клуб и истата вечер ги изгубиле пасошите. Неколку денови биле потребни за издавање на пасоши за итни случаи за да се вратат дома. Новата документација ја чекале четири дена, а пасошите им биле всушност пред нос.

На фотографијата од забавата се гледаат пасоќшите и паричник пред нивните нозе. Не ги виделе дека се таму, се додека не ја погледнале фотографијата.

„Мислам дека некој ги фрлил или можеби само и украл. Се испостави дека цело време биле пред нас“, напишале девојките на Твитер.

Популарно