Заев вели дека се изнадавал интервјуа во Атина

Зоран Заев, премиерот на Македонија, на својот профил на Фејсбук информира дека најмалку пет пати бил интервјуиран откако од во Атина, предводејќи ја владината делегација на Конференцијата на „Економист“.

„Претставниците на медиумите од Грција и од регионот покажаа голем интерес за Северна Македонија и за постизборниот период, за време на дводневната работна посета на Атина и учеството на конференцијата на „Економист“ на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“.

Во интервјуата за електронското издание на Си-еН-еН, за Топ Ченел од Тирана, за Та Неа, за Мега ТВ од Атина, за грчката програма на Еуроњуз, како и за други медиуми, истакнав дека граѓаните во Северна Македонија покажаa дека знаат да ги наградaт тешките политички одлуки кои решаваат големи проблеми, но кои се добри и од огромно значење за подобра иднина на земјата и граѓаните“, напиша Заев.

Претседателот на Владата додава дека бизнис заедницата на Конференцијата на „Економист“ покажала голем интерес за Македонија со свои иницијативи и намери за инвестирање. Според Заев, интерес искажале и мошне големи компании и дека денеска ќе разговара со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за поширока соработка за, како што вели, подобра и попросперитетна иднина за граѓаните од нашите две земји. 

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно