Поранешниот министер Горан Сугарески ќе биде прв човек на Царината, со АЕК ќе директорува Фестим Халили

Нов директор на Царинската управа најверојатно ќе биде Горан Сугарески, велат за Фактор неофицијални извори.

Како што е познато, Сугарески во претходниот владин состав беше министер за транспорт, а уште кога се објави новиот владин тим, тој за Фактор изјави дека се разговара за негов натамошен ангажман, онаму каде што би можел да даде најголем придонес. 

Според овие извори, со „златната кокошка“, Агенцијата за електронски комуникации, ќе директорува Фестим Халили, сегашен директор на Македонски Железници Инфраструктура. 

Со уште една престижна државна компанија, пак, МЕПСО, која се занимава со пренос на електрична енергија, ќе раководи Бесим Кока. Фактор веќе пишуваше дека Кока е најсериозен кандидат за оваа државна компанија. Кока моментално е финансиски директор на Здравствен дом - Скопје, а во здравствените институции е речеиси две децении. 

Кока е истакнат член на партијата, дел од крилото на Изет Меџити, поранешниот градоначалник на Чаир со кој се и во блиски роднински односи, односно Кока му е зет на Меџити.

Со Цернтарот за управување со кризи, пак, според нашите информации, ќе директорува Бардул Насуфи, екс директор на Бирото за јавни набавки.

На местото прв човек на Државниот инспекторат за труд би дошол Хади Фетиши, екс шеф на општински инспекторат Тетово.

На местото, пак, директор на Управата за водење на матичните книги би дошол Амир Шабани, со Агенција за млади и спорт би управувал Авни Рустеми, претседател на младина на ДУИ, а со Центарот за образование на возразни, Нагип Назмиу.

Извор - Фактор.мк

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно