Бебе заразено од корона во градинка, кој ќе одговара?

Заразеното 15-месечно дете од Ковид-19 во градинката „13 Септември“ во Општина Центар во Скопје е најновиот случај на заразен со корон авирус откако градинките почнаа со работа на деветти септември.

Од отворањето на градинките има три случаи на заразени вработени во градинки во Скопје, Битола и во Свети Николе, а сега и 15-месечно дете. Според информации од родителите на детето, го оденеле во градинка само на денот кога се отворија, а таму било само еден час на адаптација во јаслите. По некој ден тие им јавиле на негувателките дека нема да го носат во градинка, затоа што не се чувствувало добро. Родителите мислеле дека симптомите се поради вадење на заби, но сепак, добиле сомнеж дека можеби станува збор за присуство на вирусот. И, затоа, детето и родителите се тестирале. По направениот тест е потврден Ковид-19. Направена епидемиолошка анкета во јаслената група во градинката, па и децата и двете негувателките се во самоизолација.

По само неколку дена од отворањето на градинките, кои се отворија без тестирање на вработените, се појавија неколку случаи на заразени од Ковид-19. За ова министерството за труд и социјална политика и министерството за здравство молчат.

Прв ден во градинка и важно e да направиме сѐ за да го зачуваме здравјето на најмладите и да не дозволиме ширење на вирусот во градинките и во семејствата. Родителите и воспитувачите со свој личен пример да ги едуцираат, поттикнат и охрабрат најмладите да ги почитуваат мерките за одржување дистанца и лична хигиена. Апелирам до воспитувачите и негувателите да ги почитуваат протоколите и да ги охрабрат децата на честа хигиена и здрави навики, до родителите да внимаваат доколку детето појави симптоми да не го носат во градинка и да ги почитуваат протоколите. А, на децата им посакувам пријатен и безбеден престој во градинка – напиша министерот за здравство, Венко Филипче пред неколку дена на социјалните мрежи.

Реакција за начинот на кој беа отворени градинките стигна и од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и СДСМ се неспособни да се справат со корона кризата. По целосно фијаско во справување со корона кризата во здравството, денес сме сведоци за фијаско и во процесот на отворање на градинките и училиштата. Немањето на план за скрининг за вработените во градинките не доведе до тоа да тие се отвораат без било какви промени во начинот на нивното функционирање. Сето тоа стартуваше без соодветна дообука на персоналот како да се справува и како да се однесува и функционира во период на корона епидемија и без скрининг на персоналот. Поради тоа се случува градинките да бидат отворени и повторно затворени. А децата и нивните семејства и постари членови од семејствата да бидат изложени на ризик. Оттука неспроведениот скрининг на вработените и несоодветната организираност се закана за нов корона кластер во градинките – стои во едно од соопштенијата на партијата.

Дополнителен доказ за тоа дека властите немаа обeзбедено услови за децата бeзбедно да се вратат во градинките беше и изјавата која родителите беа принудeни да ја потпишaт при запишување на нивните деца во градинките. Во таа изјава меѓу другото, стоеше и дека градинката не може да даде гаранција дека нивните деца нема да зaболат од Ковид-19.

Според новите студии, во другите држави се воведува редовно тестирање на наставниот кадар и децата. Дури се предвидува да се тестираат и сите ученици и деца кои посетуваат училишта и градинки, не само деца со акутна инфекција на дишните патишта. И, додека во другите земји се воведува редовно тестирање по градинките и училиштата, во Македонија вработените во овие установи и децата се оставени сами на себе, поради негрижата на власта.

РКЕ одлучи: Нафтата и бензинот поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг. 

Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)

ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот

Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. 

Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом. 

Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..  

Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава. 

Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина. 

Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. 

Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање. 

Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. 

На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас.

ДУИ

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. Како што попладнево изјавија за МИА од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на државава.

Меѓу собраќајните незгоди има некои со потешки последици, па и со смртен исход.

Здравствени работници во изјава за МИА апелираат да не се вози под дејство на алкохол за време на претстојните празници,да се внимава при управување со возилата поради времето, особено во вечерните часови кога има услови за замрзнување на коловозот.

За претстојните божиќни празници, Итната помош ќе работи нон - стоп, а Единицата за домашна посета од седум до 21 часот.

- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, во текот на божиќните празници на 6 и 7 јануари, ќе работи со следново работно време - Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од седум до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

Популарно