Те сакаме многу, ама слободно трчај по твоите ливади: Децата од болница се простуваат од Филип

Ни кажа дека сакаш ливади, дека најмногу ти недостига мирисот на тревките, ни кажа дека многу не сакаш.

Другарче, и ние те сакаме најмногу, ќе ни недостигаш многу, но веќе не се плашиш, слободен си, затоа слободно трчај по твоите ливади, уживај во мирисот на тревките, а ние додека сме тука, ќе продолжиме каде што застана. Нашите другари, децата во болница, ќе ги потсетуваме на нивниот неуморен, смешен Фичо.

Вака се простија од Филип Димишковски децата болни од леукемија, пренесе и Сано која ја има и родителската куќа за децата болни од рак. 

Тие добро го познаваат 24 годишниот Филип. Нему пред две години му беше извршена првата трансплантација со матични клетки од несроден дарител. Филип беше болен од акутна миелобластна леукемија.

Здружението Билка повторно бара легализација на канабисот за лична употреба

Легална употреба на канабисот до 50грама и дозволено одгледување до 10 стебла за рекреативна употреба, формирање на посебна агенција за канабис, формирање на институт за канабис при министерството за земјоделство, освен јавното здравство дозвола за препис на лекови да има и приватното здравство. Ова се барањата на здружението Билка за употребата на канабисот во земјава. Активистите велат дека доколку надлежните ги прифатат нивните барања државата би имала економски и здравствени бенефити.

Еден од основачите на Билка, адвокатот Јанаки Митрoвски вели дека побарале средба со премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за правда Бојан Маричиќ, но одговор до сега не добиле. Инаку денеска и утре се одржува првиот македонски канабис форум.

Во градинките досега позитивни на Ковид-19 се регистрирани 33 деца и 109 вработени

 Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа посочува дека поголемата бројка на деца во изолација е поради тоа што еден позитивен негувател или воспитувач во изолација повлекува цела група од најмалку 15 деца и еден негов колега.

Шахпаска оцени дека состојбата во градинките е под контрола и оти тоа, како што рече, може да се види од досегашниот број позитивни случаи и лица во изолација, ако се има предвид дека во моментов околу 11 илјади дечиња се згрижени во овие установи.

-Кога зборувам за изолација не сакам јавноста да биде дезинформирана. Тоа е вкупен број на лица ставени во изолација поради контакти. Тие не се позитивни. Нагласувам дека лицата што се ставени во изолација не се позитивни. Велиме дека состојбата е стабилна врз основа на фактот што 11 илјади деца во моментов претсојуваат во градинките. Од тие 11 илјади во изолација се ставени околу 650 дечиња. Будно ја следиме состојбата и како ќе се одвива епидемиолошката состојба така и ќе бидат одлуките што ќе ги носи и министерството и владата, рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Договор за грант за изградба и реконструкција на градинки со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

Во општина Гостивар од отворањето на градинките се регистрирани три позитивни вработени и само едно дете.

Ова како што истакна градоначалникот Таравари говори дека доколку се почитуваат протоколите за работа епидемијата нема да се шири.

– Доколку се придржуваме на протоколите и ние како граѓани и тие што работат во училишта и градинките нема да има голем број инфицирани, рече Таравари.

Тој смета дека како што почнаа со работа градинките и настава со физичко присуство за децата до трето одделение, требало да одат на училиште сите деца .

-Мислам дека и учулиштата требаше да почнат со цел капацитет само со скратени часови, а сите ученици да одат на настава, бидејќи ако се придржуваат до протоколите оптимист сум оти се би поминало без огромни или големи последици, рече Таравари. 

Медицинските сестри изоставени од наградата 13 Ноември: Разочарувачки е, се уште сме невидливи за нашата земја

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас” апелира медицинските сестри да не бидат изоставени од здравствените тимови, особено од оние кои се наградувани, како во случајот со добитниците на наградата „13ти Ноември” што ја доделува Град Скопје за успешно извршување на првата трансплатација на срце во нашата земја. “Ние сме горди на сите колеги од тимовите, сите успеси се и наши успеси но, не можеме да го премолчиме фактот дека често се заборава дека во здравствените тимови спаѓаат и медицинските сестри. Впрочем ние сме и носители на здравствените тимови, најважната алка во целиот здравствен систем.

Во моментов кога се уште немаме закон за професијата и имаме само еден член во Законот за здравствена заштита кој не опишал како дел од здравствените тимови, деградирачки е дури и тој да не биде испочитуван. Ја прашуваме комисијата која за награда го одбрала тимот кој ја извршил првата трансплатација на срце каде се медицинските сестрите на списокот? Зарем тимот го сочинуваат само докторите? Инсистираме медицинските сестри да бидат достојно прикажани  како што и заслужуваат. Доколку вие ја немате листата ова се нашите медицински сестри кои беа дел од тимот и на кои сме особено горди и кои претставуваат пример за професионалност на идните кадри:

 мед.тех. Слаѓана Гроздановска,

мед.тех. Јелена Жарковиќ,

дип.мед.тех Имран Елези,

мед.тех. Мартина Караѓоска

и мед.тех. Кристина Николовска – инструментарки од УК за Државна Кардиохирургија;

мед.тех. Магдалена Станчева

и мед.тех. Анита Колевска – анестетичарки од УК за Државна Кардиохирургија;

мед.тех Александра Темелковска,

мед.тех. Бранко Чочек,

и мед.тех. Игор Каевски – перфузионисти од ЕКЦ тимот на Жан Митрев Клиник;

дип.мед.тех Катерина Ристовска

и дип.мед.тех. Александра Ристовска Тунев – инструментарки од Жан Митрев Клиник;

и дип.мед.тех. Весна Наумовска – анестетичарка од Жан Митрев Клиник.

Во оваа година на сестрите, прогласена од Светската здравствена организација срамно е да се молиме за да ни се признае трудот, срамно е да го немаме законот за професијата и да бидеме само бројки за смена и ротација. Покрај толку јавни епитети за нашата работа: островот на спасот, херои, промотори на здравјето, здравствени воспитувачи… недолично е се уште да бидеме на маргините и да се злоупотребува нашата трпеливост. Неколегијално и непрофесионално е да се одликува тимот за награда без медицинските сестри.„ – истакнуваат од извршниот одбор на Унијата.

Популарно