Алексеј Навални објави фотографија и откри како закрепнува по труењето

Рускиот опозиционер Алексеј Навални на Инстаграм објави фотографија на која се гледа како се симнува по скали во болницата во Берлин во која заздравува по труењето со нервниот гас новичок.

Во објавата тој вели дека се уште има потешкотии при качување на скали бидејќи нозете му се тресат, но дека патот до заздравувањето е „чист, иако долг .“

Холандија е светлосни години пред нас: Поради кризата ќе ги плаќаат и домашните трошоци за работа од дома

Како што продолжува здравствената криза ширум светот, а десетици милиони луѓе се чини дека уште долго ќе работат од дома, се појавуваат важни прашања. На пример, кој и колку плаќа за чај, кафе или тоалетна хартија потрошена дома за време на работното време?

Холанѓаните може да се каже дека се светлосни години понапред од половина Европа, па затоа сега тврдат дека ваквата обврска паѓа на вашите шефови, односно компанијата. Според нив за овие работи треба да се одвојат околу две евра на ден, во просек, пишува Ројтерс.

Ова вклучува не само кафе, чај и тоалетна хартија што ги трошите дома, туку и дополнително греење, струја и вода, како и амортизација за употреба на маса и стол – основни работи што никогаш не сте помислувале да ги платите во канцеларија.

На оваа реалност се прилагодуваат и други земји, свесни дека многу вработени нема да бидат воодушевени со враќање во канцеларија кога ќе помине пандемијата.

Шпанија пропиша дека работодавците мора да плаќаат за одржување на работниот простор и опремата, Германија расправа за закон што се однесува на правата на работниците кои работат на далечина, Франција усвои регулатива што ги штити од и-меил надвор од работното време, додека Велика Британија посочи дека може да ја „олабави“ даночната политика во врска со одбивање на данокот при купување на опрема за работа од дома за време на пандемија.

Сепак, оваа приказна има и друга страна. Шефовите на компаниите тврдат дека дополнителните плаќања имаат малку смисла во време кога пандемијата ја осакати светската економија.

Извор: Б92

Италија отвора светилиште во чест на 179 лекари кои починаа од ковид-19

Италија ќе им оддаде признание на 179-те лекари кои починаа од ковид-19, додека владата се подготвува за враќање на дел од рестрикциите, соочувајќи се со наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирус.

Нивните имиња се испишани во мермер на спомен-плоча во градот Дуно, северно од Милано, почнувајќи од 67-годишниот Роберто Стела, првиот познат италијански лекар кој почина од ковид-19. Неговата смрт на 11 март ја шокираше италијанската медицинска заедница и го нагласи ризикот од коронавирусот.

Италија беше првата земја надвор од Азија која потврди случај на локално пренесување на коронавирусот. Во изминатите денови, бројот на новозаразени е поголем од 10.000 на ден, што е повеќе од врвот на ширењето во март и април, кога беа тестирани само сериозно болните.

Главниот шведски епидемиолог: Во Шведска нема втор бран на коронавирусот

Шведска, која имаше поинаков пристап од другите земји и ги остави повеќето училишта, ресторани и бизниси отворени за време на пандемијата, бележи благ пораст на бројот на заболени од вирусот.

 Во четвртокот имале 1.075 случаи, додека вчера пријавиле 596. Но, главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел вели дека земјите како Холандија, Шпанија и Франција во моментов влегуваат во втор бран, но и дека тоа не е случај со Шведска.

„Тоа би значело дека вирусот значително се шири на големи делови од општеството, а тоа во шведска го немаме“, рече тој пред новинарите, но додаде дека порастот на случаите треба да се сфати многу сериозно.

Популарно