Вицепремиерот Битиќи: Неблагодарно е јавните пари да се делат по етничка основа

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска истакна дека како Влада градат концепт на едно општество за сите и оти е неблагодарно јавните пари да се делат по етничка основа.

Битиќи денеска на прес-конференцијата со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, на која беа презентирани резултатите и компаниите кои добија поддршка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19, одговори на новинарско прашање во врска со најавите кои ги изнесе првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за можно субвенционирање на вработувања во приватниот сектор по етнички клуч.

– Пристапот и на претходната Влада, и на оваа Влада, е ист. Секој граѓанин е еднаков и добива еднакви можности и еднаков третман. Мислам дека е неблагодарно да целиме јавните пари да се делат по етничка основа. Дали навистина за едно болно дете ќе треба да прашаме дали тоа дете е Албанец, Турчин или Македонец и така да ги даваме парите. Мислам дека во едно правично општество, тоа треба да го заборавиме. Единствен пристап треба да биде јавните средства да стигнуваат таму каде што е потребно, потенцира Битиќи.

Додаде дека нема првични проценки колку пари би биле потребни за реализација на етничката застапеност во приватните фирми.

Новите домашни платежни картички ќе важат за три категории на граѓани

Платежни картички со по 6.000 денари се дел од четвртиот сет економски мерки и истите ќе бидат наменети за пензионери, самохрани мајки и пасивни баратели на работа.

Измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички.

„Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи“, велат од СДСМ.

Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.

Ја доведе Пошта до пропаст, а не одговараше: Се бара одговорност од Ејуп Рустеми

Партијата на Мирјана Најчевска, Твоја партија бара одговорност од актуелниот директор на Пошта на Северна Македонија, Ејуп Рустеми за кого вчера премиерот Зоран Заев рече дека ќе стане директор на ЈП за државни патишта на местото на Зоран Китанов. Од Твоја партија велат дека пред да добие ново директорско место во друго јавно претпријатие, Ејуп Рустеми, според Законот за јавните претпријатија, до сега, според нив требал да биде повикан на одговорност.

„За за повеќекратно поднесување на негативен извештај за работа, да биде повикан на одговорност од страна на Управниот одбор согласно Законот за јавни претпријатија, да биде повикан на одговорност затоа што не ги отстранил негативностите во работењето во рок од 6 месеци, да одговара солидарно и неограничено за нанесената штета и да биде разрешен од функцијата. Уништено е јавно добро, нанесена е огромна штета и едно јавно претпријатие е доведено до пропаст, стои во соопштението.

Оттаму велат дека граѓанските организации реагирале за ниските критериуми за избор на директор на јавно претпријатие, но ниските критериуми не ослободуваат никого од одговорност.

„Партиите на власт, без оглед на последиците кон јавното добро и економијата воопшто, со потегот на назначување/наградување на директор на државни патишта, докажува дека тесно политичките пазарења и партиски интереси само ја продолжуваат праксата на поделба на пленот наречен власт“.

ТВОЈА партија бара одговорност од директорот, Управниот и Надзорниот одбор за нанесената штета на државата и на граѓаните.

Парадокс: Младите немаат работа, а компаниите не можат да најдат кадар!

Не сакам да работам за плата од 250 евра. Јас имам факултетска диплома, иако немам искуство...

Во Агенцијата за вработување постојано има огласи за работа и нови мерки за вработување, особено за помладите до 29 години.

Многу млади немаат работа, а многу компании не можат да најдат кадар... Каде лежи проблемот...

-Јас имам бутик за детска гардероба. Постои околу една година. Имам една продавачка, барам уште една, за да можат да работат во смени. Никако да најдам. Платата е 15.000 плус осигурување. Сите кои ќе дојдат се незаинтересирани за работа. Секогаш муштеријата треба да е на прво место, а не разговорот на телефон или пак допишувањето. Мислам дека сум коректен, но и јас барам коректност, раскажува Киро.

-Постојано имаме потреба од келнери. Сакаме млади деца, но младите дефинитивно не се заинтересирани. Работат еден ден, веќе наредниот ги нема. Келнерската плата не е воопшто лоша во Скопје, особено во летниот период кога имаат и бакшиш. Не знам каде е проблемот, вели Здравко.

-Јас сакам да најдам работа, ама не за 250 евра плата. Јас сум дипломиран правник, сум учел и сакам да бидам платен. Точно е дека немам искуство, но од некаде мора да се почне. Но, не се почнува со 200 евра, додава Мартин.

Со 50.1% младинска невработеност, Македонија е на трето место во светот по невработени млади во листата што неодамна ја објави Светската банка.

Со поголема невработеност се само Јужна Африка со стапка од 54.2% и Босна и Херцеговина со 67.5%.

Од регионот, пак, освен Босна најголема младинска невработеност има Грција (47.4%), Србија (33.7%), Хрватска (29.4%), Словенија (15.4%), Бугарија (15.0%).

Популарно