Нови 140 лица заразени со ковид19, шест лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-9, Штип-3, Прилеп-2, Струга-3, Охрид-2, Кавадарци-2, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2.

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6535, активни 586

• Куманово 1673, активни 201

• Дебар 275, активни 40

• Штип 1230, активни 74

• Прилеп 602, активни 129

• Тетово 1363, активни 157

• Струга 642, активни 63

• Велес 303, активни 30

• Битола 267, активни 61

• Охрид 402, активни 47

• Кавадарци 214, активни 36

• Гостивар 893, активни 104

• Гевгелија 103, активни 61 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 162, активни 95

• Крива Паланка 93, активни 38

• Радовиш 68, активни 22

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 238, активни 84

• Пробиштип 101, активни 21

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 89, активни 10

• Пехчево 42, активни 18

• Берово 79, активни 22

• Валандово 14, активни 5

• Виница 97, активни 27

• Делчево 142, активни 73 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 4

• Свети Николе 315, активни 20

• Кичево 301, активни 28

• Ресен 160, активни 13

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1397 теста се преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-296,  Биотек-192, МАНУ -78, Жан Митрев (Филип Втори)-113, Систина со PCR метода -164, лабораторија Лаор –73, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-1, ГАК-12, Синлаб-18, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 160, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно