Семејството на починатата родилка: Немаше проблеми во бременоста - да се испита случајот

Семејството на родилката која почина на ГАК од искрварување тврди дека родилката немала никакви проблеми во бременоста.

Тие бараат објаснување зошто, како што велат, гинекологот кој ја примил 40 годишната Кадрие Јашар и ѝ направил Це-Те –Ге и рекол да си оди дома и да се врати за два часа бидејќи за породување било се уште рано, пренесува Нова ТВ.

Таа немаше никакви проблеми, а на Гинекологија отидовме затоа што почнаа породилните болки. Кога стигнавме пред влезот во Шуто Оризари, таа почна обилно да крвари и ние веднаш се вративме назад. Ја хоспитализираа, тоа беше попладнето, околу 16 и 30 часот најдоцна. Во 20 и 30 вечерта ни се јавија да дојдеме бидејќи, како што ни рекоа е, е во критична состојба“, изјави за НОВА, нејзиниот внук од брат Фејзула Јашаров.

На ГАК потврдија дека на родилката и бил направен царски рез, а после тоа поради обилно крварење уште една интервенција кога била извадена матката. Бебето било живо при првиот преглед и направеното Це-Те-Ге, а кога се вратила било мртво. Но, спротивно на тврдењето на семејството, на ГАК велат дека гинкологот и рекол да поседи надвор и да се врати за час и половина.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно