Фото: Оваа девојка има „рецепт’ за сек*и тело

Деби Шугру (28) беше очајна кога нејзиниот тренер за фитнес во 2013 година и рече дека има лоша генетика и дека без помош на пластична операција никогаш нема да може да ги има облините што ги посакува. Девојката си потекло од Ирска која се пресели во Австралија напорно тренираше во теретана две години, но бидејќи не ја доби фигурата што ја посакува, реши да разговара со тренерот. Беше фит, но не и женствена.

- Сè е залудно, вашето тело е како што е, го достигнавме максимумот. Заборавете на облините, генетиката не е во ваша корист, единствениот начин да имате заоблен задник е да одите на пластична операција - и рече тренерот, кому и веруваше скоро две години.

Денес, седум години откако првпат зачекори во теретана, Деби не само што го има телото што го посакуваше уште од тинејџерските денови, туку и оди на натпревари во боди-билдинг!

Таа ја направи најлогичната и едноставна работа - го смени тренерот за фитнес, а потоа и програмата за обука и начинот на исхрана

Деби денес прави вежби со глутеус само три до четири пати неделно, прави помалку и помалку кардио и никогаш не прави помалку од 8.000 чекори на ден. Дури и за време на карантин поради вирусот корона, таа не се опушти - вежбаше вообичаено

Нејзината диета е прилагодена и на градење мускули.

За појадок, таа јаде овесна каша, шест белки, 100 грама боровинки и две лажици путер од бадем. За ручек, на нејзината трпеза има посно месо, ориз и  салатата, а за вечера, лосос или посно месо, сладок компир и свеж зеленчук. Ниту Деби не прескокнува закуска; помеѓу оброците закуска со бадеми, протеински плочки или темно чоколадо.

Деби има јасна порака за сите оние кои би сакале да променат нешто во животот, но немаат поддршка од околината:

Никогаш не се откажувајте! Верувајте во себе и своите способности и потрудете се да го постигнете замисленото. Негативните луѓе ќе се обидат да ви ја одземат енергијата, но не обрнувајте внимание на нив. Само одете по свој пат и резултатите нема да изостанат!

.. 

ВИДЕО: Два грома удриле во руски автомобил

Жена од Русија за чудо останала неповредена откако скоро истовремено два грома удриле во нејзиниот џип.

Спектакуларниот „огномет“ на патот го снимила камера на возило кое се движело зад возилото на жената и се приближувало на семфарото во Новосибирска. Моторот на „тојотата“ веднаш запрел, а без оглед на силниот удар и искрите возилото не се запалило.

„На момент ослепев и грчевито го зграбив воланот. Се се случи многу брзо“, раскажала Галина Ершова, која била во возилото.

Никој од возачите наоколу не запреле после ударот, но за среќа ни патниците ни жената зад воланот не биле повредени. Возилото на крајот го одвлекла шлеп-службата.

Видео: Ова ти се вика „милениче“

Жител на БиХ од Груде наишол на поскок за време на неговата прошетка, па одлучил да го фати и да го однесе дома, пишува “Дневни Аваз”.  Младен Иличиќ изјавува:

– Случајно го пронајдов ова шише, бидејќи несовесните граѓани ѓубре фрлаат каде ќе стигнат, па ја таив змијата и ја затворив во него, раскажува Иличиќ, кој потврди дека поскокот е сега негов домашен миленик.

– Змијата е кај мене и ја хранам со инсекти.

Фото: Нашите освојуваат награди и во Кореја

Машински Факултет Скопје издаде соопштение  во врска со учеството на меѓународна изложба во Кореја и постигнатиот огромен успех, помеѓу другото наведуваат:

„Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ кој е остварен од страна на нашите студенти: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов на 12-та по ред меѓународна изложба  „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја во периодот од 20 до 23 јуни 2019, во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO се здоби со следните награди:

- Златен медал од страна на Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област

- Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија

- Диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

Честитки за македонските иноватори.

Популарно