Посакувате романтичен сопруг? Ќе го најдете меѓу три хороскопски знаци!

Станува збор за најдобрите љубовници и романтичари кои ќе ве научат да уживате во малите работи. Па така, доколку барате романтичен џентлмен, ви советуваме да одберете некој од следниве хороскопски знаци…

Рак

Ракот е неверојатно романтичен и нежен. Можеби не сте го забележале тоа од прв поглед, но тој има многу силни емоции кои ги крие зад маската на цврста и непопустлива личност. Сака да ужива во романтични прошетки и гледање во ѕвездите, а за вас ќе биде подготвен да направи сѐ! Доколку навистина му значите, тој ќе сака да ве заштити од сите.

Лав

Лавот сака да се бори за жената која е единствена за него на овој свет. Доколку вие сте токму таа, сметајте се себеси за голема среќница. Тој ќе ви ја докажува неговата љубов на различни начини, од романтични љубовни состаноци до внимателно одбрани подароци. За него нема да постои ни една друга. Сака да има конкуренција бидејќи тоа го мотивира уште повеќе да ви се докажува, а за возврат ќе очекува секогаш да го пофалите и да му давате комплименти.

Риби

Нема сомнеж дека Рибите се непоправливи романтичари. Ним никогаш не им е доста од нежност и љубов. Единствена маана им е што не се доволно одлучни и упорни, па нема да знаат како да ви пријдат и да ве освојат иако силно ве посакуваат. Очекувајте романтични прошетки по брегот со музика и мирис на цвеќиња. Неговиот глас ќе ве освои, а неговата добрина и благородност ќе направи да се вљубите до уши.

Од еден дел на телото зависи колку мажите ќе бидат „издржливи“ во водењето љубов

Поголемиот дел од жените сметаат дека за издржливоста на мажите во текот на сексуалниот однос заслужни се мускулите или пак нивната кондиција.

Меѓутоа - тоа не е вистина. Истражувачи од Универзитетот Кајзери во Турција, тврдат дека издржливоста кај мажите во текот на сексуалниот однос зависи од нивниот стомак - и тоа од неговата големина.

Во истражувањето учествувале 200 мажи на различна возраст и тоа покажало дека во сексот многу поиздржливи се мажите кои што имаат поголем стомак, односно чиј обем на половината е поголем од 92 сантиметри.

Исто така се докажало дека мажите со пивски стомак имаат поголема кондиција од оние кои што се во совршена и фит форма и со рамни стомаци.

Дури и доколку не верувате во ова, бројките кажуваат друго нешто: на покрупните мажи во просек им се потребни 7,3 минути да доживеат оргазам, додека пак кај послабите просекот е 2,5 минути, а оваа група имала и многу поголеми шанси за прерана ејакулација.

Објаснувањето е едноставно - повеќе масти во стомакот значи дека мажите можат да имаат поголемо ниво на естрадиол, женскиот секс хормон кој што го успорува доаѓањето на оргазмот. 

Со една техника можете да доживеете „тригазам“

Прстите се една од најважните алатки во сексот Ќе откриеме многу возбудлива и интензивна секс техника – т.н. Пеперутката на Венера. Постои една техника која првенствено бара фина работа и чувство со прстите. Ви ја претставуваме „Пеперутката на Венера“! Еве како функционира техниката за прсти „Пеперутката на Венера“.

„Пеперутката на Венера“ е живо трио на техники на прсти, бидејќи истовремено ги стимулира клиторисот, вагината и анусот.

На пример, една жена може да лежи на работ на креветот, додека мажот клечи меѓу нејзините нозе. Тој може да користи една или двете раце. Тој го масира клиторисот со палецот додека показалецот продира во вагината кон точката Г, а средниот прст продира во анусот. Паровите кои сакаат да ја испробаат оваа техника треба да си веруваат едни на други и треба да можат искрено да зборуваат за своите чувства.

Кога ја вметнувате Пеперутката на Венера во водење љубов или релаксирачка предигра, не заборавајте на лубрикантот (по можност базиран на силикон). Само така можете безболно да уживате во сексот. Ако сè оди добро, тројната стимулација дури и предизвикува тригазам! Па, вреди да се обиде, нели?

Овие пет женски маани мажите ги обожуваат

Ниту малку мрзеливост некогаш не е лошо – мажите таа особина ја гледаат малку поразлично. Обидите да бидеме совршени никогаш нема да ни успеат, затоа што тоа е невозможна мисија. А, постои уште една причина зошто некои од мааните не се толку лоши – анкетата вели дека мажите ги обожуваат.

1. Мрзеливост

Во разумни граници – секако. Нашите мајки и баби поради тоа секогаш ни зборуваа лоши работи, но мажите поразлично гледаат на таа особина поради тоа што најчесто и самите тие се мрзеливи, што е доволна причина да не ви замеруваат.

2. Малку неред

Постојат многу уредни мажи кои што се во состојба да најдат и „влакно во јајце“, па да кажат: Каков неред! Но, тоа секако дека е исклучително ретко. Вообичаено мажите го забележуваат само тоа што ги интересира…

3. Спонтаност

Мажите сакаат зрели жени кои што знаат што сакаат, но тоа не значи дека не уживаат во малку разонода, па и малку спонтаност која што секогаш може да ја зачини врската.

4. Вљубеност

Не, нема да им бидете привлечни доколку глумите „дама со недопирливо срце“. Мажите сакаат да знаат какви емоции имате кон нив, особено доколку зборуваме за убави чувства.

5. Емоционалност

Жените многу се чувствителни и мистериозни чии чувства и расположение секогаш им се на прво место. Сепак, доколку им значи нешто, на мажите им е интересно да одгатнат што е тоа и дали пред себе имаат личност полна со емоции.

Популарно