МВР со детали за сообраќајката во Трубарево

На 11.10.2020 во 12.30 часот во с.Трубарево, скопско, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(72) од Скопје, малолетен пешак од с.Трубарево и мотор „баутијан“, управуван од И.Ќ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, кој починал на местото на незгодата.

Д.Д. и малолетниот пешак се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде кај малолетниот пешак биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Д.Д. телесна повреда.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот мотоциклист ќе биде предадено за обдукција.

На куче во Гевгелија му ја захевтале устата, отворена е сметка за донации

 Страотни фотографии од куче на кој некој му ја захевтал вилицата со тапетарска хевталка во Гевгелија денеска осамнаа на социјалните мрежи. Активистите за заштита на животните сведочат дека кучето, женка, кое сега има име Амели, вреска од болка по грозоморниот чин што му бил направен.

Веќе неколку дена фотографијата од кучето се споделуваше на социјалните мрежи и се бараше помош за него, но дури денеска активистите успеаја да го лоцираат и се шокирале кога го однеле на ветеринар, а во устата биле најдени делови од тапетарска хефталка.

„Едвај јаде, се лигави и мириса на скапано. Нормално дека не ја одминавме! Ја зедовме  и однесовме на ветеринар. Кучето е живо и ќе се вика Амели. Во моментов кучето е на пат за Скопје, каде што ќе биде оперирано и сместено постоперативно. Ова ќе биде долга и мачна борба, но ние не можевме да ја оставиме да умре“, пишува активист за заштита на животните од Гевгелија.

Од хуманите граѓани се бара секој да донира колку може, со цел да се спаси неговиот живот.

Сметки за донации:

200003109942988 Мелиса Богоева Стопанска банка

Paypal: [email protected]

Ковид хроника: Почина поранешниот началник на СВР Велес и долгогодишен припадник на ЕСЗ Тигар

Поранешниот началник на СВР Велес, велешанецот Игор Ангеловски почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последица на ковид-19. Ангеловски беше хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница на 7 октомври, пишуваат велешките медиуми. Откако состојбата му се влошува, една недела подоцна тој е транспортиран на Инфективната клиника во Скопје, каде што синоќа починал. Претходно, неколку дена бил прикачен на респираторна машина. Тој е најмладата жртва на коронавирусот во Велес. Имаше 41 година.

Игор Ангеловски беше началник на СВР Велес во периодот од 10 јануари до 27 јули годинава, како предлог на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. По професија беше магистер по дефендологија. Работел во единицата за специјални задачи „Тигар“, бил инструктор во Центар за обука во Идризово и самостоен инспектор во Крим техника во СВР Велес . Исто така бил инспектор во обезбедување на ВИП личности и објекти.

Ангеловски е 25 велешанец, жртва на коронавирусот од почетокот на епидемијата. Со неговата смрт продолжува црниот биланс на починати велешани од ковид-19. Од минатиот вторник до сега починаа 10 велешани, од кои девет во велешката болница и еден на Инфективна клиника во Скопје.

На инфективното одделение во велешката болница вчера почина 58-годишен свештеник на МПЦ од Богомила. Во моментов на одделението се хоспитализирани 41 пациент, од кои 15 добиваат кислородна поддршка.

Амди Бајрам бил позитивен на корона вирус

Tестот на корона вирус што посмртно му беше направен на Амди Бајрам е позитивен, потврдија од болницата Жан Митрев за Фокус.

Иако резултатот покажал дека Бајрам бил заразен, неговата фамилија, како што неофицијално дознаваме, засега планира да прави голем погреб со сите церемонии.

Пред само неколку дена, Амди Бајрам организираше и присуствуваше на свадба на неговата внука во Турција на која имаше 600 гости.

Популарно