Полицијата трага по 14-годишно девојче од Скопје

Синоќа околу 1 часот по полноќ, 49-годишна скопјанка во полиција пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка.

Како што инфоримираат од МВР, станува збор за 14-годишно девојче со иницијали Ш.А..

Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничката.

Ковид хроника: Почина поранешниот началник на СВР Велес и долгогодишен припадник на ЕСЗ Тигар

Поранешниот началник на СВР Велес, велешанецот Игор Ангеловски почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последица на ковид-19. Ангеловски беше хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница на 7 октомври, пишуваат велешките медиуми. Откако состојбата му се влошува, една недела подоцна тој е транспортиран на Инфективната клиника во Скопје, каде што синоќа починал. Претходно, неколку дена бил прикачен на респираторна машина. Тој е најмладата жртва на коронавирусот во Велес. Имаше 41 година.

Игор Ангеловски беше началник на СВР Велес во периодот од 10 јануари до 27 јули годинава, како предлог на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. По професија беше магистер по дефендологија. Работел во единицата за специјални задачи „Тигар“, бил инструктор во Центар за обука во Идризово и самостоен инспектор во Крим техника во СВР Велес . Исто така бил инспектор во обезбедување на ВИП личности и објекти.

Ангеловски е 25 велешанец, жртва на коронавирусот од почетокот на епидемијата. Со неговата смрт продолжува црниот биланс на починати велешани од ковид-19. Од минатиот вторник до сега починаа 10 велешани, од кои девет во велешката болница и еден на Инфективна клиника во Скопје.

На инфективното одделение во велешката болница вчера почина 58-годишен свештеник на МПЦ од Богомила. Во моментов на одделението се хоспитализирани 41 пациент, од кои 15 добиваат кислородна поддршка.

Амди Бајрам бил позитивен на корона вирус

Tестот на корона вирус што посмртно му беше направен на Амди Бајрам е позитивен, потврдија од болницата Жан Митрев за Фокус.

Иако резултатот покажал дека Бајрам бил заразен, неговата фамилија, како што неофицијално дознаваме, засега планира да прави голем погреб со сите церемонии.

Пред само неколку дена, Амди Бајрам организираше и присуствуваше на свадба на неговата внука во Турција на која имаше 600 гости.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Амди Бајрам

Почина Амди Бајрам поранешниот пратеник и политичар на 64 годишна возраст.

Од неговата партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ) за Канал 5 јавуваат дека тој на 64 годишна возраст починал во клиниката Филип II поради проблеми со срцето.

Извор: Канал5

Популарно