Последниот статус на д-р Трајче Нешковски: Секоја генерација си има своја борба, секое време си има свои херои

Секоја генерација си има своја борба, секое време си има свои херои, напишал на 11-октомври по повод Денот на востанието на Македонија, а во контекст на ауктелната борба на лекарите во ковид 19 кризата, младиот пулмолог доктор Трајче Нешковски, кој вчера загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје.

32 годишниот доктор неуморно работеше во ковид центарот во скопско Козле, за што сведочат и неговите објави на социјалните мрежи за време на самиот зачеток на коронавирус кризата.

МОК доби нов претседател, Даниел Димевски на местото на Васил Тупурковски по 28 години

Даниел Димевски е новиот претседател Олимписки комитет на Северна Македонија по вчерашните избори. Од 1992 година до сега единствен досега беше Васил Тупурковски, кој по 28 години заминува од функцијата.

Поранешниот претседател на Кошаркарската федерација синоќа ја надгласа претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска Зикова, како единствен конкурент.

На изборното Собрание што се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје,  Димевски при тајно гласање доби 30 освоени гласа, наспроти два на Војнеска – Зикова, а треба да се каже и дека изборот беше бојкотиран од некои членки. Тупурковски пак го доби признанието почесен претседател на МОК.

Димевски инаку е добитник на највисокото државно признание – Златен медал – Орден за заслуги за Македонија за промоција на државата од областа на спортот. Под негово раководство кошаркарската федерација два пати беше прогласувана за најдобра национална спортска федерација. Добитник е и на престижното признание „ФЕР ПЛЕЈ“, како и признание за исклучително успешно раководење со натпреварувачката комисија на ФИБА Европа.

Најпознат е по најголемиот успех во домашниот екипен спорт – четвртото место на кошаркарската репрезентација на Европското првенство во Литванија во 2011 година, кога тој беше претседател на Федерацијата. 

Во неговата програма ветува Управен Одбор од компетентни луѓе и претставници на реномирани компании, а се планира изградба на Олимписки дом кој ќе биде во функција и за потребите на сите национални спортски федерации како и олимписки спортско-медицински центар.

МОН формираше работна група за нови учебници

Министерството за образование и наука соопшти дека е формирана работна група за промена на наставните и дидактичките материјали за основно и средно образование. Реформата со учебниците ќе се воведе од следната учебна година.

Од таму велат дека ваквиот потег се должи на постојаните реакции од јавноста, родителите и учениците, но и на самите наставници за квалитетот на учебниците.

Покрај тоа, поплаките се однесуваат и на долгите постапки за нивно одобрување, како и честите повлекување на учебници поради стереотипи, предрасуди, грешки и недоследности.

Работната група е составена од претставници од Министерството за образование и наука, Педагошката служба, Бирото за развој на образованието како и претставници од меѓународни институции и граѓанскиот сектор. 

Вече се работи на анализа на најдобрите искуства и практики од неколку европски, скандинавски и земји од регионот, а потоа ќе се изготви нов систем за унапредување на квалитетот на наставата.

Тоа подразбира не само употреба на учебници, туку и изработка и употреба на разни видови на наставни и дидактички материјали за наставниците и учениците, велат од МОН.

„Голем број на земји во светот веќе го имаат надминато системот на класична употреба на учебник, поради што учениците своето знаење го стекнуваат преку различни извори на информации и разновидни дигитални алатки. Ова е идеја и на голем број наши наставници, но е дел и од препораките на ОЕЦД за системот на образование во нашата земја“, соопштуваат од министерството.

Пановски вели дека секој ден би имало по 100 погреби доколку не се преземат мерки

Д-р Никола Пановски во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, изјави дека во Македонија до месец декември би имале околу 10.000 мртви од Ковид-19. 

Тој вели дека секој ден би имало по 100 погреби доколку не се преземат некакви мерки.

Пановски доаде дека доколку претпоставиме дека имаме по 5.000 активни случаи, според вирулентноста на вирусот и доколку таа е 2-3, односно доколку еден заболен може да зарази двајца или тројца други луѓе, тогаш во следните три месеци би имале и повеќе од 10.000 заразени дневно.

Популарно