Заев: Трајче даваше сѐ од себе во борбата против коронавирусот, даваше сѐ од себе да им помогне на оние кои имаа потреба од помош

Фејсбук статус на премиерот Зоеан Заев:

Денеска, на комеморативна седница, оддадовме почит за прерано починатиот другар Трајче Нешковски и изразивме сочувство до семејството и блиските пријатели.

Со прераната смрт на Трајче, СДСМ загуби чесен, професионален, искрен член и борец со визија, со храброст и решителност.

Неговиот ангажман како секретар на СДММ, а потоа и како истакнат член на СДСМ е пример за тоа како млад човек може да се вгради во борбата за подобро утре, за промени во оштеството, за слобода, демократија. Сегашните и идни членови на СДММ и СДСМ, имаат вистински модел за тоа.

Загубата на Нешковски не е само загуба за неговото семејство, пријателите, младите, не е само загуба за СДСМ, тоа е загуба и нашата држава, за нашето македонско здравство.

Трајче даваше сѐ од себе во борбата против коронавирусот, даваше сѐ од себе да им помогне на оние кои имаа потреба од помош.

Во овие моменти на силна болка, да најдеме утеха во големината на Трајче, во вредностите што ги остави зад себе. И како човек и како доктор и како член на СДСМ.

Јас, но и сите кои го познаваа Трајче засекогаш ќе го носиме во нашите срца, во нашите мисли.

Слава му.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно