Симптомите на коронавирусот најчесто се јавуваат по овој редослед

Истражувањето од Универзитетот во Јужна Калифорнија успеа да утврди дека симптомите на Ковид-19 често започнуваат по одреден редослед.

Ова откритие може да им помогне на заразените со вирусот корона да се изолираат и да започнат со третман на време, што може значително да ги подобри резултатите на пациентите.

Симптомите како што се треска и кашлица се слични кај голем број на болести, вклучително и сезонски грип. Бидејќи сè уште се бориме со епидемијата, а сезоната на грип е започнат, поважно е од кога било да знаеме од што всушност страдаме.

Ова е особено важно, да се знае кога се преклопуваат циклусите на болести како грип, што се случува истовремено со епидемијата Ковид-19 – рече д-р Питер Кун, еден од авторите на студијата и професор по медицина.

За да го предвидат редоследот на симптомите, истражувачите ја анализирале стапката на инциденца на симптомите собрани од Светската здравствена организација кај повеќе од 55.000 луѓе со Ковид во Кина. Тие исто така разгледаа збир на податоци собрани за скоро 1.100 случаи собрани, меѓу декември и јануари, од страна на експертска група за медицински третман на Ковид во Кина.

Редоследот на симптомите е важен. Знаејќи дека секоја болест напредува поинаку значи дека лекарите можат да утврдат дали има Ковид или друга болест, што им помага на лекарите да донесат подобри одлуки – рече Јозеф Ларсен, главниот автор на студијата.

Редоследот на симптомите кај Ковид-19:

температура

кашлица и болки во мускулите

гадење и повраќање

треска

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно