Д-р Пановски: Најтешките три месеци се пред нас

Во гостување на Сител, д-р Никола Пановски истакна дека како што ќе заладува времето, воздухот ќе биде позагаден луѓето ќе влегуваат внатре и ќе ја шират болеста.

-Што повеќе ќе заладува, што повеќе ќе биде пократок денот, позагаден воздухот луѓето ќе влегуваат внатре и понатаму ќе ја шират болеста.Затоа меркиве освен носење маска надвор се во ред, меѓутоа треба да има механизми како ќе се почитуваат тие мерки. Значи во автобус може да се стават камери, да има контролор во меѓуградски превоз, значи строга контрола. Во фабриките да се почитуваат протоколите. Остануваат домовите кои не можат да се контролираат. Ако сме во криза како што во моментов се наоѓаме да се соединиме. Тоа значи политичките, верските лидери и сите да им кажат да се воздржат 5-6 месеци или да има кажат носете маска 14 дена по сегашни прописи секаде кај што треба, не се собирајте да видиме дали ќе се случи нешто за 28 дена, вели тој.

-За навечер сум кажал дека треба да има полициски час, бидејќи младите сакале нејќеле ни ја носат болеста дома.Веќе месец дена се собираат во затворени простории и затоа букнува болеста.Секаде кај што се почитуваат протоколите и кај што има логика.Треба да се почитуваат мерките, за карантини и затворање на ресторани, треба многу пари, тоа Кина може да го направи, посочува д-р Пановски.

-Проценка на оваа епидемија е дека би умреле меѓу 20 и 30 милиони ако нема мерки може да трае и повеќе од две години. Светот е решен со разни мерки да спаси да умрат барем 2 три милиони и ги предложил овие мерки. Некои немаат логика не можеме да ги разбереме меѓутоа основните мерки треба да ги почитуваме. Не се лицитира со бројки, но во првите две години би умреле 2.000-3000 и да спасиме 20.000 луѓе. Најтешките три месеци се пред нас, рече Пановски.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно