Ваква зима немало со години - метеоролозите со долгорочна прогноза

Светски познатата метеоролошка служба „Акуветер“ (AccuWeather) објави голема сезонска прогноза за Европа.

Веднаш на почетокот на прогнозата, се наведува дека земјите во Европа доживуваат нов бран на коронавирус, што предизвика нови ограничувања кои стапуваат на сила само неколку недели пред почетокот на зимата.

„Иако е неизвесно како ќе се развива пандемијата во наредните месеци, тимот на Акуветер со долгорочни синоптичари е прилично сигурен какво време можат да очекуваат Европејците оваа зима. Дел од тимот е Тајлер Ројс, кој е метеоролог во Акуветер скоро десет години, Алан Реперт, постар метеоролог кој е во Акуветер од 2001 година и Џејсон Николс, постар метеоролог кој ја води меѓународната прогноза на Акуветер“, пишува американската приватна метеоролошка служба.

Како што сезоните се менуваат од есен во зима, се предвидува дека примарната патека на невремето ширум Европа ќе се движи кон југ, а бројни бури ќе се придвижуваат кон јужна Европа и Средоземното море, но и на Балканот.

– Мислам дека во споредба со она што го видовме претходните години во Шпанија, Португалија и јужна Франција, ќе биде многу побурно, рече Реперт.

Меѓу поголемите градови во Европа кои може да доживеат бурни услови оваа зима се: Лисабон, Мадрид, Барселона, Ница, Рим, Атина и Букурешт.

„Бурите ќе ги загрозат животите и имотите низ целиот регион, пишува метеоролошката служба „Акуветер“.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно