Научниците пронашле нов орган во грлото на човекот

Тим научници открил нов орган во грлото на човекот во текот на истражување на карцином на простатата. Претходно, експертите сметаа дека во пределот на назофаринксот зад носот постојат само микроскопски плунковни жлезди.

Но, истражувачите од холандскиот Институт за рак откриле нов пар плунковни жлезди со должина од околу 1,5 инчи додека ги скенирале клетките на рак на простатата, користејќи „CT“ скенирања и скенирања наречени „PSMA PET-CT“. 

При скенирањето, лекарите вбризгуваат радиоактивна „трага“ во пациентот. Ваквата трага добро се врзува за протеинот „PSMA“ кој е зголемен во клетките на карциномот на простатата. Таквиот вид скенирање е исто добар во откривање на ткива на плунковните жлезди.

За да го потврдат своето окритие, научниците предводени од онкологот за зрачење Воутер Вогел, прегледал 100 пациенти и кај сите 100 ги откриле ваквите жлезди, лоцирани зад носот и над горното непце, во близина на центарот на главата. Исто така, тимот научници го сецирал регионот на назофаринксот кај 2 трупа и ги добиле истите резултати.

Наодите на научниците би можеле да помогнат во намалување на несакани ефекти од некои третмани на карцином. Лекарите кои користат радиотерапија за лекување на рак на главата и вратот се обидуваат да ги избегнат трите главни плунковни жлезди бидејќи нивното оштетување може да предизвика потешкотии при јадењето, говорот и голтањето кај пациентите.

Но, несвесното присуство на четврт пар жлезди, тие и понатаму го зрачеле тоа подрачје што значи дека пациентите и понатаму имаат несакани ефекти.

„Нашиот следен чекор е да дознаеме како најдобро да ги поштедиме овие нови жлезди и кај која група на пациенти. Ако успееме во тоа, пациентите може да имаат помалку несакани ефекти, што ќе биде од корист за нивниот квалитет на живот по лекувањето“, изјавил д-р Вогел.

Погледнете зошто коронавирусот толку брзо се шири

Повеќето соеви на вирусот САРС-Ков-2 имаат специфична мутација поради која вирусот е многу позаразен. Што повеќе време одминува од почетокот на пандемијата, толку повеќе тие соеви стануваат подоминантни, се заклучува во истражувањето.

-На почетокот на пандемијата имаше повеќе соеви на вирусот САРС-Ков-2, односно новиот коронавирус. Како што одминуваше времето, дојдовме до точка 99,9 отсто од сите соеви кои моментално циркулираат да ја имаат Де614Ге мутацијата во врвот. Луѓето инфицирани со тој сој имаат и поголем вирусен титар, пишува медицинскиот портал medscape.com.

Но, иако ова звучи лошо, не е толку лоша вест. Оваа мутација не е поврзана со најлошите клинички случаи и уште подобра вест е што овој сој добро реагира на за сега достапните лекови, па и на вакцините кои во моментот се тестираат.

„Не само тоа, колку и да е лош коронавирусот, една вест е добра, а тоа е дека вирусот сепак споро мутира“, вели авторот на оваа студија, д-р Илија Финклстин, додавајќи дека вирусот мутира поспоро од на пример, ХИВ, што значи дека научниците имаат повеќе време да го проучат.

Повеќето видови на вирусот САРС-Ков-2 имаат специфична мутација поради кои вирусот е многу позаразен, Што повеќе време минува од полетокот на пандемијата, толку повеќе видови се подоминантни, заклучуваат во истражувањето.

Д-р Илија Финлкстин, својата работа на оваа тема ја објави на 30 октомври во медицинскиот магазин „mBio“. Во својата работа заклучи дека мутацијата Де614Ге е најчеста и дека во периодот од 5 до 11 мај во 82 од истпитаниците се наоѓала токму оваа мутација.

Потоа во периодот од 12 мај до 7 јули процентот на инфицирани токму со овој вид скокнал на 99,9 отсто. Тоа се однесува на пациенти од Хјустон кои ги набљудувал овој научник. Вели дека смета одти Де614Ге е доминантен затоа што ја зголемува можноста на врвот на вирусот да се ја отвори келијата и полесно да продре во неа. Уште еден заклучок кој го донел е дека генетиката на пациентот игра важна улога во исходот на инфекцијата.

Британскиот астролог кој ја предвиде короната откри дали ќе има вакцина

Британскиот астролог Џесика Адамс, која го „предвиде“ коронавирусот, или „вирусот што ќе го вознемири светот“, сега откри што може да се случи во следните шест месеци.

Таа вели дека зборувала за своите грижи во февруари 2019 година со надеж дека ќе ги предупреди луѓето, но никој не ја слушал. Таа предвиде дека сè ќе започне на 10 јануари 2020 година и на тој датум КОВИД-19 ја имаше својата прва жртва во Велика Британија.

Таа рече дека знаела што ќе се случи, ја откажа голема забава што ја подготвуваше за март, го напушти својот дом во Лондон и се пресели во Тасманија, каде сè уште живее со своите две кучиња и кокошки.

Бидејќи тврди дека нејзините предвидувања се оствариле, таа сега открива што може да се случи за Божиќ, на изборите во САД, но и со кралското семејство, пишува Дејли Меил.

Астрологот вели дека ќе се бориме против коронавирусот уште некое време и дека нема да има вакцина и едноставно ќе мора да научиме да живееме со него. Таа тврди дека Божиќ ќе биде фантастичен оваа година. Работите ќе почнат да се менуваат четири дена пред Божиќ и сè ќе се врти околу „пријателството и глобалната безбедност“.

Таа е убедена дека ќе има големи промени во глобалната економија. Ќе биде готово со перењето пари, а корумпираните и расипани економски системи ќе пропаднат. Следната година ќе биде време за многу поголеми иновации и изуми отколку што имавме предходните години.

Што се однесува до изборите во САД, таа вели дека работите нема да одат како што треба и можно е да бидат одложени. Кога ќе бидат одржани, Доналд Трамп нема да биде задоволен затоа што нема да биде реизбран.

Исто така, предвидува дека Обединетото Кралство ќе биде поделено на четири независни држави, што треба да се случи во 2021 година.

Популарно