Пожарникарите не се задоволни од средбата со Шолегов, излегуваат на протест

Не сме задоволни од денешната понуда на градоначалникот Петре Шилегов, кој е три години на функција и имаше време да го среди Законот за пожарникарство и продолжуваме со протест пред Град Скопје, со цел да се реши проблемот со исплатата на надоместот на плата, изјави еден од членовите на иницијативниот одбор, Дејан Исаевски, командир во Бригадата за противпожарна заштита.

По средбата во дворот на Станицата на противпожарната бригада во Автокамнда, тие најавија дека и денеска, би требало да продолжат со протест пред Град Скопје.

– Протестот пред Град Скопје ќе биде секој работен ден, во работното време на градоначалникот, само смената што е на работа ќе си остане со полн капацитет, изјави Исаевски.

Во однос на понудената медијација за решавање на проблемот со исплатата на надоместоците на плата, Исаевски, рече дека таа останува.

– Тоа е за решавање на проблемот со тужбите, меѓутоа ние сакаме платата да се регулира и тоа да тече секој месец. Не е решение за нас тужбите, кои ќе се решат со медијатор или не, но платата треба да се регулира, изјави Исаевски.

Во однос на најавените законски измени во јуни 2021 година, Исаевски, рече дека тоа не е прифатливо, бидејќи градоначалниот од јануари месец може да отиде во предизборна кампања и тогаш веќе можеби нема да смее тоа да го регулира.

Градоначлникот Петре Шилегов, по денешната средба рече дека проблемот со начинот на исплата на платата на пожарникарите, е стар повеќе од 15 години и не станува збор за недостаток на волја, туку за недостаток на законски основ да може да се исплаќа платата, така, како што ја бараат пожарникарите.

– Се вршат измени во Законот за пожарникарство, што треба да стапат во сила во јуни 2021 година од кога дел од барањата на пожарникарите ќе добијат законски основ. Во меѓувреме, секој од пожарникарите во своите поединечни тужби ги добива надоместоците, односно градот им ја врши исплатата. Со цел да помогнеме да го забрзаат тој процес и да има законска основ да им ги исплаќаме ние нудиме во тој процес да влезе и медијација, со цел некаде до јуни 2021 година кога ќе стапи во сила законот, дотогаш да не бидат пожарникарите оштетени, појасни Шилегов.

Првото на медијација, посочи тој, е индивидуално право и не е задолжително, и во таа постапка, што треба да се реши за 30 дена откак ќе биде покрената, ќе треба да се види дали ќе се договориме како Град и пожарникари за висината на средствата.

Градот, нагласи тој, не е институција што носи закони и законската група во рамки на министерствата за одбрана, за финансии, за локална самоуправа и ЗЕЛС веќе го работи законскиот текст.

Прашан зошто се меша политика, Шилегов рече, дека да не беше градот активен за решавање на проблемот, тогаш би имало основ за ваков револт, но дека може да не се помисли дека станува збор за политика кога еден од иницијаторите на ова што се случува е советник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако сте на моја позиција и сте единствен, кој што, реално го работи овој проблем во неговата суштина. Ако го имате лоцирано проблеми и ги преземата сите дејствија и со цел да им излезете во пресрет на луѓето им нудите можност да не влезат во трошоци и почнува проблемот да се решава, а од друга страна имате заменик градоначалник на општина Сопиште, советник на ВМРО-ДПМНЕ, еден од иницијаторите на ова што се случува сега не може да не помислите за момент дека политиката ги има вмешано прстите, изјави Шилегов.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно