Силен земјотрес во Грција, 6.7 степени според првичните проценки

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамикиот институт на грчката Национална опсерваторија  епицентарот на земјотресот бил на 19 километри северозападно од грчкиот остров Самос.

Епицентарот е во близина на турското крајбрежје, но земјотресот беше почувствуван речиси во сите делови на Грција и во Атина.

Две дози од вакцината „Спутник V“ во странство ќе чинат 20 долари, во Русија е бесплатна

Две дози од руската вакцина „Спутник V“ на меѓународниот пазар ќе чинат помалку од 20 американски долари, додека за руските граѓани таа ќе биде бесплатна, објавено е денеска на официјалниот Твитер налог на „Спутник V“.

Претходно претпладнево, шефот на рускиот Државен фонд за национално богатство (РДИФ), Кирил Дмитриев, најави дека Русија за својата вакцина ќе наплатува помалку отколку нејзините конкуренти, бидејќи Москва има намера следната година да произведе повеќе од милијарда дози во земјата и странство.

Дмитриев изјавата ја даде откако РДИФ и Националниот центар „Гамалеја“ соошпштија дека новите податоци за клиничките испитувања темелени на 39 потврдени случаи и 18.794 пациенти кои ги примиле двете дози на вакцината, покажале дека „Спутник V“ е 91,4 проценти ефикасен на 28-от ден и над 95 проценти на 42-от ден.

Вакцината против Ковид ќе биде задолжителна за сите што сакаат да летаат со авион

Извршниот директор на авиокомпанијата „Квантас“ (Qantas), Алан Џојс, изјавил дека луѓето кои ќе сакаат да летаат со нивната компанија, ќе мора да докажат дека примиле вакцина против корона вирусот. Патниците ќе мора да ја покажат потврдата пред да влезат во авион.

Шефот на овој австралиски авиопревозник смета дека доказот за вакцинација ќе биде општо барање на многу авиокомпании, кога после пандемијата светот ќе почне да се враќа во нормала.

Џојс претходно изјави дека авионите нема да продолжат да летаат како порано се додека не биде достапна сигурна вакцина за персоналот и патниците, но и нагласи дека вакцинацијата ќе стане задолжителна за сите кои сакаат да патуваат со авион.

Иако некои луѓе што се противат на вакцинирањето можеби ќе претпоставуваат дека ќе можат да летаат со други авиокомпании, Џојс верува дека ова правило ќе го применуваат сите, а не само „Квантас“ .

По разговорот со бројни колеги, мислам дека тоа ќе биде вообичаена работа во другите авиокомпании ширум светот – додава Џојс.

Доколку вакцините бидат успешни, Џојс изјавил дека очекува меѓународните патувања да се вратат приближно до нормала до крајот на 2021 година.

Истражување: Кинеската вакцина против Ковид-19 предизвикува брз имунолошки одговор

Експерименталната вакцина против Ковид-19, „коронавак“, од кинеската компанија „Синовак биотек“, предизвикува брз имунолошки одговор кај испитаниците, но нивото на антитела е пониско отколку кај луѓето што оздравеле од болеста, покажале прелиминарните резултати од испитувањето.

Иако испитувањата во раната и средната фаза (прва и втора) немале цел да ја проценат ефикасноста на „коронавак“, истражувачите велат дека вакцината може да обезбеди заштита, а своите заклучоци ги засноваат на искуството со други вакцини и податоците од претклиничките студии на мајмуните макаки.

„Коронавак“ и уште четири експериментални вакцини што се развиваат во Кина во моментот се во доцната, трета фаза на тестирање, а нивната ефикасност во спречувањето на Ковид-19 се утврдуваат.

Резултатите од компанијата „Синовак“, кои беа објавени во медицинското списание The Lancet Infectious Diseases, произлегоа од клиничките испитувања на првата и втората фаза спроведена во Кина, во која учествуваа повеќе од 700 волонтери.

„Нашите откритија сугерираат дека ’коронавак’ е во состојба да предизвика брз имунолошки одговор во рок од четири недели откако вакцинацијата е извршена во две фази во растојание од 14 дена“, рече Зу Фенгчаи, еден од научниците што работат на вакцината, пренесува „Индекс“.

Резултатите треба да се разгледуваат со претпазливост сè додека не бидат објавени доцните резултати од третата фаза, предупредува Наор Бар-Зев, професор од Универзитетот „Џон Хопкинс“, кој не учествувал во истражувањето. Тој додава дека дури и по завршувањето на испитувањето во третата фаза и по издавањето на дозволата, треба да се биде внимателен

Популарно