Почина професорд-р. Владимир Андонов, основополпжник и дојаен на современата анестезиологија

Денес на 86 годишна возраст почина професор Д-р. Владимир Андонов, основополпжник и дојаен на современата анестезиологија, реаниматологија и интензивно лекување во нашата држава и учител на многу генерации на анестезиолози. Професор Андонов во континуитет од 1967 година е раководител на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување при Хируршката клиника во Скопје, а од 1990 до 1995 година бил директор и основач на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) при Медицинскиот факултет во Скопје. Од 1993 година до неговото пензионирање е шеф на Катедрата по анестезиологија и реанимација на Медицинскиот факултет во Скопје Автор е на повеќе од 80 стручни и научни трудови, објавени во земјата и во странство, коавтор на три учебници во земјата и на еден во странство.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на државната награда “Св.Климент Охридски” во 2003 година.

Министертвото за здравство, министерот Доц Д-р Венко Филипче и Здружението на лекари по Анестезија, реанимација и интензивно лекување (ЗЛАРИЛ) и претседателката доц. Д-р. Маја Мојсова Мијовска, изразуваат длабоко сочуство кон семејството на проф. Андоновски.

-Проф. Д-р Владимир Андонов беше голем лекар, кој во својата секојдневна работа несебично се жртвуваше во спасувањето на многу човечки животи и несебично го пренесуваше своето знаење на своите ученици.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно