Маја Оџаклиевска: Со мојата мала пензија, немам пари ни за играчките на внукот

Таа се уште важи за голема пејачка ѕвезда на овие балкански простори која испеала многу хитови. Станува збор за пејачката Маја Оџаклиевска која е по потекло од Скопје, но своите пензионерски денови ги живее во Белград. Поточно кажано, преживува со пензија од 300 евра што е сосема недоволно за еден пристоен живот во српската метропола. Колку за јадење и сметките.

-Имам мала пензија, но и таа ми е доволна бидејќи не сакам да се понижувам на секој пеејќи му во скут или да сум качена на маса. Послатки ми се овие пари од тие за кои би заработила веројатно и преку две, три илјади евра. Доволни ми се моите пари да не бидам запустена, но мене сега во прв план ми е моето внуче Лука, мојата напатена душа кој 7 години се бори со аутизмот. Не можам многу да му пружам на внукот со оваа пензија, но тој е разумен - кажа Оџаклиевска за медиумите.

(Видео) По Сара Мејс уште една позната Македонка се проба како актерка во „Преспав“

Една од можеби најпопуларните серии во Македонија, „Преспав“ деновиве со прикажувањето на последната 20-та епизода заврши и петтата сезона.

Откако имавме можност да ја видиме пејачката Сара Мејс, во последната емисија се појави и нашата позната макекенка Катарина Ивановска која веќе има искуство и како актерка, па затоа не мора да кажеме дека Катерина одлично се снјаде во улогата.

За потсетување, преспавци на крајот од последната 20-та епизода имаа незгода, односно пансионот се запали. Дали ќе успеат да го спасат или не изградат нов, оставуваат прашалници за следната сезона која пак исто така е непознато дали ќе се снима.

(Фото) Познато кој ќе ја претставува Македонија на Евровизија оваа година

Македонската радио телевизија официјално објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија.

Тој минатата година беше избран за да ја претставува нашата држава на Евровизија, но поради пандемијата со коронавирусот настанот се откажа.

– Според јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи задачата да ја претстави Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев, се вели во соопштението од МРТ.

„Ретко кога во животот добиваме не само една, туку ТРИ шанси да го оствариме нашиот сон. Во 2019 година гордо стоев зад Тамара; во 2020-тата година ти посветив сè – но Ковид рече не! Во 2021 го користам моето лично патување и приказна за да го ставам срцето во ваши раце преку мојот глас.

Никогаш не престанувајте да верувате, да сонувате и да се борите за она за што се залагате во животот. Соништата навистина се остваруваат!

Благодарен сум за вашата постојана поддршка и едвај чекам да го споделам она што го планираме како македонски тим. Подобро е да бидете подготвени за ова“ , напиша Васил Гарванлиев под објавата на неговиот официјален Инстаграм профил.

Оваа година Евровизија ќе се одржи традиционално, со две полуфинални и едно финале 18, 20 и 22 мај повторно во Ротердам, Холандија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

(Фото) Емра Куртишова или Исаура од „Преспав“ е вистинска убавица

Актерката Емра Куртишова или попозната како „Исаура од Преспав“ често знае да сподели фотографии од синмање на серијата или од нејзиното милениче, но овојпат таа објави фотографија на која има поразлична фризура и нежна шминка, по што секако следеа многу лајкови и позитивни коментари.

Инако Емра е како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје и е добро позната е кај помладата публика.

Популарно