АКО НЕКОЈ ИМА ВИШОК ПАРИ, БУЈРУМ НЕКА ОДИ ВО ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ - но граѓаните да знаат дека јавното здравство ги има истите можности, порача премиерот Заев

Во своето гостување во емисијата Клил плус на ТВ 21 премиерот Зоран Заев беше дециден дека нашиот јавен здравствен систем ги буди и има сите можности, најмалку како приватните болници, кои според него, земаат големи суми, и тој се прашува дали навистина треба да бидат толку високи нивните цени. 

На забелешката дека во ковид пандемијата посиромашните многу потешко стигнуваат до здравствената услуга наспроти побогатите, како и дека цените во приватните клиники се високи, премиерот рече дека сите граѓани, прво треба да си проверат да знаат што има во нашиот јавен здравствен систем, пред да тргнат кон приватните клиники.

„Бидејќи сето тоа што го има во приватните клиники, го има и во нашиот јавен здравствен систем. Ама нели, затоа што се кажало дека таа и таа болница е добра, и ајде сите ќе тераме таму. Значи, прво, ако некој има вишок пари, бујрум нека оди, тоа се лиценцирани здравствени установи кои работат за профит. Ние како држава не работиме за профит. Трансплантација на крв има на инфективна, ремдесивир има на Инфектвна, актембрата исто така ја има. Но, сите треба да знаат дека ремдесивирот не се дели по пациенти, туку го примаат пациенти со одредени симптоми по препораки на СЗО. И сега има разговори зошто на овие го дале, на оние не. Па тој лек не се дава на сите пациенти. Ако го даваш на пациенти со несвојствени индиции на болеста, можеш да направиш беља. Значи, нашиот здравствен систем дефинитивно ги има сите можности во делот на ковид, како што ги има и приватниот систем, само што таму ќе ви ги земат парите“, порача Заев до граѓаните.

За поплаките од здравствениот систем, Заев рече дека кризата има и еден психолошки дел.

„Ги имаме сите причини да бидеме нервозни, но треба да знаеме дека здравствените работници прават се, односно најмалку толку колку што прават здравствените работници во почитуваните приватни клиники во државата. Најмалку исто прават. Ако не и повеќе. Ајде да прашаме кој на кого се јавува да побара ремдесивир затоа што имале пациент со одредени својства според кои треба да му се даде лекот. Приватници им се јавуваат на државните, тие од нив бараат поддршка. Вистинската капацитетност е во државните. Сега имаат и повисоки плати иако не се најсоодветни.

Јас не можам да прифатам дека е 12 илјади лечење со трансплантација на крвта во некоја од приватните клиники. Да имаше вонредна состојба, па да одевме малку со времена национализација во овој период. Затоа што јас едноставно не можам да верувам дека трошоците се 12 илјади евра, ок, тоа е приватна работа, но во вонредна состојба државата има потреба и можност времено да национализира. Зошто, затоа што здравствениот систем мора да биде ставен еднакво на располагање на сите. 

Дефинитивно да знаат граѓаните. Нашиот здравствен систем ги има сите услови најмалку како приватните, таму работат професионалци, кои се хумани, стручни и мотивирани, работат повеќе од десет часа на ден“, потенцираше премиерот. 

Според него, можеби треба да се размислува за кризна состојба, за менаџментот со ресурсите, како да му олесниме на медицинскиот персонал,да видиме дали и Армијата има медицински персонал, и таа да биде актвирана, дали може и поинау. 

„Но, сите треба да знаат дека се прави се од здравствените работници, од лекарите, медицинските сестри, без било каква обоеност, насекаде каде што работат. Помагаат сите, анестезиолози, интернисти, пулмолози....

Се надевам дека и матичните лекари ќе покажат малку поголема храброст. Овде не ја гледаме доволно хаброста. Веројатно не се доволно специјализирани и стручни, па не навлегуваат така длабински како специјалистите“, објасни премиерот.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно