Елена Векевска: "Секој си ја протолкува сликата на свој начин"

Македонската фолк-пејачка јавно призна дека се разведува од својот сопругот, а за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека разводот е во тек.

„Разводот стана долг и досаден, што и како е и самата не знам“, кажа Велевска и продолжи да зборува за шпекулациите и невистините кои се пишуваат за неа во медиумите, но и како реагира на истите.

Таа за фотографијата со кошаркарот Перо Антиќ, која ја објави на социјалните мрежи кажа дека секој ја протолкувал како што сака и дека нема да одговара на шпекулациите поврзани со истата.

„Не е вистина за врската со Перо. Само што се запознавме и секој си ја протолкува фотографијата на свој начин. Веќе сум имуна на ваквите шпекулации, кажа Елена за „Бекстејџ“.

Дневен хороскоп

ОВЕН

Може да очекувате позитивни пресврти на деловно поле. Пред вас е добар викенд во кој ќе дојдете до успех. Многу сте отворени во комуникацијата со личност која ви се допаѓа бидејќи сметате дека таа ја заслужува вистината. Болки во пределот на грбот.

БИК

Пред вас е одличен ден за промени, па ако сте планирале некоја промена ќе бидете успешни и задоволни. Ви се допаѓа личност која веќе некое време ви покажува одредени симпатии. Стабилна здравствена состојба.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува можност да стекнете нови деловни соработници како и на некој начин да го проширите кругот на соработници. Наскоро ве очекува и нова врска и ќе бидете среќни, задоволни и исполнети. Внимавајте на крвниот притисок.

РАК

Пред вас е голема одлука на деловно поле. Можно е во текот на викендот да дојде до некои пресврти. Вашата врска е прилично нестабилна и за да го промените тоа треба да бидете искрени. Проверете крвна слика.

ЛАВ

Пократко патување би можело да биде многу корисно за вашата работа. Ве очекуваат добри промени на работа. Може да очекувате интересна средба која ќе ви ја разбуди фантазијата и љубопитноста. Внимавајте на синусите.

ДЕВИЦА

Доколку се занимавате со приватен бизнис можен е губиток или некоја штета во текот на денешниот ден. Саканата личност ќе ви ги покаже нејзините искрени емоции. Имате можност да уживате во заедничките убави моменти. Водете сметка за штетните навики.

ВАГА

Доколку сте очекувале започнување на нов бизнис или промени на работно поле, ќе бидете многу задоволни. Можеби не сте подготвени за промените кои ве очекуваат. Пред вас е можност да бирате. Немате проблеми со здравјето.

ШКОРПИЈА

Ве очекува поволен викенд во кој ќе имате можност за остварување на деловните цели. На состанокот со саканата личност ќе сфатите дека таа е подготвена за сериозна врска со вас. Одлично се чувствувате!

СТРЕЛЕЦ

Воздржани сте кога станува збор за работата, бидејќи сѐ уште не сте сигурни какви чекори треба да направите и дали се исплати. Флертувате со личност која сега ја запознавате и која покажува дека и се допаѓате. Ви годи физичка активност.

ЈАРЕЦ

Ве очекува можност малку да се одморите бидејќи денес нема да имате премногу обвски. Заљубени сте и сакате односот со саканата личност да напредува. Подготвени сте да дадете сѐ од себе за да ги поправите нештата. Потребен ви е одмор.

ВОДОЛИЈА

Пред вас е добар викенд на ова поле. Може да се надевате на позитивни околности. Комуникацијата со саканата личност е добра и задоволни сте. Ако сте слободни, ве очекува ново познанство. Вкочанетост во пределот на грбот.

РИБИ

Овој викенд ќе го искористите за одмор. Работните обврски може да почекаат. Имате пријателски однос со личност која ви се допаѓа и не ви е лесно да ја преминете таа граница помеѓу пријателството и љубовта. Здравјето е во ред.

(Видео) Нивес Целзиус се налути па на „хејтерите“ им одговори со жешко видео

Бујната старлета Нивес Целзиус на Инстаграм најпрво сподели фотографија во едноделен костим за капење кој беше со чуден крој и „пресечен“ на интересни места, па сега објави и видео, а се спореди и со Деми Роуз.

Судејќи по објавата, Нивес најверојатно добила некакви критики, па затоа им одговори на сите „хејтерски“ коментари.

-Велат жените во мои години треба да носат едноделни костими за капење, па ете да ги послушам- напиша Нивес, а на стори сподели и фотографија од британскиот фото модел Деми Роуз облечена во сличен модел на костим  за капење и напиша дека не е тесен туку така треба да изгледа.

Неодамна и Карлеуша носење сличен( да не речеме ист) костим за капење.

Погледнете па одлучете само на која подобро и стои:

(Фото) Во овој фустан и со ваква фризура изгледа како девојка

Брижит и Емануел Макрон го угостија претседателот на Аргентина, Албертo Фернандез и неговата сопруга Фабиола, во Елисејската палата.

Брижит за оваа прилика ги носела своите омилени високи потпетици – моделот „Eyeline“ од црна кожа на модната куќа „Louis Vuitton“. Овие салонки се одликуваат со врвна елеганција, а дополнителна доза на луксуз им дава златниот детаљ над потпетицата од 10 центиметри.

Со отмените чевли, Брижит носела фустан во нејзиниот препознатлив стил кој се одликува со чисти линии и шик едноставност. Модните комбинации на првата дама на Франција секогаш се многу едноставни и префинети, но тука секогаш се деталите кои ги прават поинтересни.

Кај овој фустан во темнозелена боја, рамен крој кој ја следи линијата на телото и должина до колената, тие детали се волуменозните ракави во ретро стил кои ѝ даваат доза на романтика на целата комбинација. На Брижит одлично ѝ прилегала и младешката фризура – коса врзана во полуреп која ги „одзема“ годините.

Ваквите фризура и избор на фустан биле во корист на 68-годишната прва дама на Франција бидејќи благодарение на нив, таа изгледала како девојка!

Популарно