Д-р Беќаровски: Ни се има случено ковид-пациент со јавен превоз да дојде за да побара помош

Реалните можности на нашиот здравствен систем се да апсорбира некаде 20-тина новопримени дневно во скопските болници плус десетина во другите градови, а со сегашните 40-50 приеми секој ден притисокот станува сѐ поголем и поголем. Кревети има, но проблемот е не само преморот, туку и бројот на заразени меѓу медицинскиот персонал, вели Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во разговор за МКД.мк.

Ние сме во некој, условно речено шведски модел, но главната разлика е во ковид-позитивните пациенти што седат дома. Во Шведска е организирано ковид-позитивните пациенти да бидат видени од доктор, да бидат посетени, ако треба да се направат испитувањата, а кај нас тој дел за жал во моментов не функционира. Имаме проблем. На пример, секое дежурство доаѓаат ковид-позитивни дијагностицирани што пробуваат да контактираат со матичен лекар, но тие од голем број позитивни веројатно на некои не им ни одговараат. Ќе пробаат да се јават на Брза помош и таму е претрупан системот, па свесно, од што немаат како да добијат медицинска помош, го кршат правилото дека мора да седат дома и да им се организира превозот.

Кога ќе почне да се гуши, кога му е тешко, кога чувствува дека нема здив, ги прекршува сите протоколи. Влегува во кола, а нам ни се има случено дури и со градски превоз да ни дојде ковид-позитивен пациент што едноставно немал како да стигне до болнички третман. Мислам дека тука, кога би имало начин, со оглед дека сега е премногу раширено, да се овозможи малку поголем пристап до лекарска нега дома или да има во здравствените домови ден кога ќе може да се прегледуваат ковид-пациентите, овој хаос што настана со нивното шетање ќе се спречи. Зашто реално тие се резервоар и може и натаму да шират инфекции, вели д-р Беќаровски.

Додава дека би бил против носење маска надвор, но кога ние би биле малку поодговорно општество со поодговорни луѓе, ама факт е дека има и колеги кои не ги почитуваат мерките. Кога би носел одлуки, би се решил за благ полициски час од 23 до 5 часот, за да се спречи собирањето на младите и малолетници по паркови, па и во казина.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Популарно