Жан Митрев: Бидејќи ситуацијата е навистина сериозна, јас и мојот тим се ставаме на располагање да помогнеме

Академик д-р Жан Митрев вели дека синоќа од медиумите разбрал за планот на Владата да прогласи кризна состојба и да ги вклучи и приватните здравствени институции во справувањето со епидемијата предизвикана од Ковид-19.

– Јас од своја страна ја поддржувам секоја иницијатива за ставање на сите расположливи капацитети на располагање. Уште од самиот почеток на пандемијата во месец март, ние понудивме 40 болнички кревети за интензивна нега за потребите на државата. Во меѓувреме, ситуацијата со бројот на ковид-пациенти ескалираше. Свесни сме дека состојбата е тешка и со месеци наназад, како во јавното здравство така и кај нас, имаме огромен притисок од пациенти. Нема слободен кревет и има листа на чекање, која секојдневно се зголемува, вели академик Митрев.

Тој потенцира дека работат со полн капацитет и оти персоналот им е веќе преморен, а дел и во изолација.

– Моментално 80 кревети се пополнети и имаме над 30 пациенти, кои чекаат да добијат слободен кревет. Како се отпуштаат оздравените на дневно ниво, така се пополнуваат сите кревети. Бидејќи ситуацијата е навистина сериозна, јас и целиот свој тим се ставаме на располагање да помогнеме со нашето знаење и искуство, кое го имаме од третирање на најтешките форми на инфекциите од Ковид-19, вели академик д-р Митрев.

Тој додава дека околу разработка на дополнителни детали стојат на располагање и очекуваат понатамошни насоки од надлежните. 

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно