Димитров за „Стандард“: Тешко е да се разбере дали ЕУ е сериозна во однос на нас

Ова што го прави Бугарија не е пристојно, вели во интервју за австрискиот „Стандард“, македонскиот вицепремиер Никола Димитров. Ако Софија не се повлече, ќе бараме нови начини за европеизација, вели тој.

По 15 години кандидатски статус, вета од Грција, Франција и Бугарија, станува тешко да се разбере дали ЕУ е сериозна, вели во интервјуто за австрискиот весник Стандард актуелниот вицепремиер за евроинтеграции и поранешен шеф на дипломатијата Никола Димитров.

„Најпрво бевме блокирани од Грција, но го решивме овој проблем. Потоа Франција покрена нова методологија за проширување и сега постои нов проблем со Бугарија. Навистина е тешко да се разбере дали ЕУ е сериозна во однос на нас“, вели Димитров.

Министерот вели дека доколку Софија не ги промени позициите, „ќе мораме да најдеме нови начини на кои ќе ја европеизираме нашата земја".

„Бидејќи, ако нашиот процес на пристапување се сведе толку многу на билатерален проблем што дискусиите за историјата ќе станат поважни од борбата против корупцијата, независноста на судството, функционирањето на демократските институции, слободата на медиумите, околината и енергијата, тогаш тоа не е процес кој европеизира, туку процес кој балканизира."

Тој во интервјуто ги критикува како навредливи, бугарските позиции во кои се говори за т.н. македонска нација и јазик.

„Во некои бугарски документи постојат тврдења кои се, отворено кажано, навредливи. Овде станува збор за ’таканаречена македонска нација’ и таму се вели дека нашиот јазик е западнобугарски дијалект. За ваква расправа не би требало да има простор во Европа во 21 век! Ниедна друга земја нема правна основа за отворање прашања кои се во центарот на нашиот суверенитет. Нашиот јазик е наша работа. А ставањето под знак прашалник на јазикот и идентитетот на соседот не е добрососедство, а искрено, во 2020 година не е ни пристојно“, вели Димитров во интервјуто за австриски Стандард.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно