Иако носите маска сепак има голема можност да се заразите со Ковид-19

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите во корпа за отпадоци штом дојдете дома и да си купите нова“, појаснила Натерсон.

Носењето заштитна маска е задолжително, но треба да се знае разликата помеѓу „било каква маска“ и носење заштитна маска која што е „сигурна и ефикасна“.

Постојат неколку знаци кои што укажуваат дека заштитната маска треба да ја замените или пак да ја исперете. Маската се раширила или пак има видливи дупчиња - тие се ефикасни во одбрана од заразата само доколку се „валидни“.

„Доколку маската има видливи дупчиња или пак некој дел од неа се раширил, таа повеќе не е употреблива и ја губи својата функција на заштита“, вели педијатарот Кара Натерсон.

„Целта на маската е да даде физичка бариера за да се оневозможи влегувањето на вирусот или доколку сте заразени да не може да го пренесете Ковид-19 на другите луѓе“, додала таа и порачала дека дупчињата на маската овозможуваат да продре Ковид-19 во вас.

Доколку сте допреле потенцијално контаминирана површина, како на пример корпа или количка во маркетите, квака на врата, а потоа сте ја допреле заштитната маска тогаш таа е контаминирана.

„Што почесто сте надвор или пак поминувате време во гужви, почесто треба да ја перете заштитната маска или пак едноставно да ја замените со нова“, појаснила Натерсон.

Сте се грижеле за заразена личност

Доколку член од вашето семејство или пак некоја друга ваша блиска личност за која што сте се грижеле, биле заразена со коронавирус, време е да ја исперете вашата маска или пак да ја фрлите и да си купите нова.

Според Центарот за контрола и превенција на болести, платнените маски треба да ги перете на највисока температура, а потоа да ја исушите пред наредно користење.

Белгија е првата земја во ЕУ која ќе користи специјален дрон за транспорт на крв за болниците

За прв пат во Белгија патнички дрон транспортираше крв за потребите на болница, објави порталот Фокус на Белгија.

Белгискиот сајт оцени дека од технички аспект е отворен патот за економски, еколошки и ефикасно извршување на сложени медицински транспорти во секојдневниот живот, за кои традиционално се користат хеликоптери или лесни авиони. Сепак, од правен аспект, тоа сè уште не е можно.

Пробниот лет се одржа во близина на Лимбург во фламанскиот дел на Белгија. Беспилотното летало, со две патнички седишта и 16 електромотори и пропелери, летал до 130 километри на час за 30 минути.

Дронот поминал 2,6 километри без пилот со пакети крв. Авионот е дело на белгиската компанија Хеликс.

Овој авион е прилагоден за брз транспорт на крв до болници или во случај на обезбедување итна помош на недостапни места.

Сепак, законодавството во областа на сообраќајот во Европската унија сè уште не држи чекор со технологијата и иновациите во тој сектор, но пробниот лет е чекор во вистинската насока, објави порталот.

Јато делфини формирале заштитен прстен и спасиле капач од голема бела ајкула: „Никогаш нема да го заборавам ова пливање“

Адам пливал во водата кога недалеку од него се појавила огромна ајкула, која најверојатно ќе го нападнела доколку делфините не дошле напомош.

Делфините формирале заштитен прстен околу Адам, спречувајќи ја ајкулата да му се доближи.

„Случајно погледнав и видов ајкула, беше неколку метри под мене. Се обидов да не паничам“, рекол Адам.

„Мислам дека ме штитеа и сакаа безбедно да стигнам до мојата дестинација. Секогаш ќе го паметам ова пливање“, изјавиl Адам.

Држејќи се во јато, делфините се бранат од напад на ајкула, а смелите суштества често го вознемируваат предаторот и го бркаат.

Никогаш нема да дознаеме дали делфините го направиле ова за да го одбранат Адам, но во секој случај ја избркале ајкулата од него.

Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург минатиот месец се искачи на шест, откако една жена почина од повредите, соопшти локалното обвинителство.

Обвинителите соопштија дека жената починала во болница, јави германската новинска агенција ДПА.

Во терористичкиот напад на 20 декември беа повредени повеќе од 200 луѓе.

Властите го идентификуваа осомничениот како саудиски лекар кој пристигнал во Германија во 2006 година и добил постојан престој. Тој бил уапсен веднаш откако го возел својот автомобил низ преполн пазар.

Властите рекоа дека тој не одговара на вообичаениот профил на екстремистички напаѓачи. Тој се опиша себеси како поранешен муслиман и беше многу критичен кон исламот, а на социјалните мрежи изрази поддршка за екстремната десница.

Популарно