Беќаровски: Се зголемува бројот на обиди за самоубиство поради Ковид 19

Состојбата во моментов е алармантна, кај голем дел од персоналот се јавија знаци, околу 20% се зафатени од болеста. Од 16 лекари, 4 лекари се позитивни, слично е и со сестрите, кажа д-р Нино Беќаровски, од Клиниката за токсикологија во Студио 10 на ТВ24.

„Тековните работи ни се зголемени, последниве неколку месеци суицидални обиди се зголемени, обидите за самоубиства со труење со киселина е зголемен за 30%. Психички полабилни особи овој притисок не можат да го издржат. Секој ден има напади на медицискиот персонал, протоколите создаваат дополнитена гужва, па добро е што пред сите центри ќе има војска и ќе се ублажи оваа состојба. Нови симптоми на Ковид 19 се појавуваат секој ден, кај голем дел од оние кои прележале во првиот бран се забележуваат знаци на затегање на срцевиот мускул и други проблеми. Треба да се очекуваа компликации од вирусов, тој ги зафаќа сите органи“ кажа д-р Беќаровски.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно