Само една пејачка не го „одбила “ Огњен Врањеш

Фудбалерот на БиХ Огњен Врањеш за минагодишниот роденден ја ангажираше пејачката Цеца Ражнатовиќ да му пее на прославата.

 Врањеш во интервју за „Сценарио“ на курир.рс,изјави дека останатите пејачи го одбивале велејќи дека немаат време.

Покрај Цеца, единствена пејачка која го испочитувала била Нада Голубовиќ.

Светлана ја почитувам како жена, мајка и пејачка. Се договориме, госпоѓата дојде, ме испочитува, вели Врањеш.

Не сакам да зборувам за цифри, можам да кажам само дека сум казнет од страна на клубот. Јас реков дека ако изгубам, нема да го славам роденденот. Потоа, имаа идеја тоа да биде пред натпреварот, да бидеме поддршка едни на други. На крајот добивме 2:1. Јас имав договор да останеме до 00часот, но беше грешка што не почнавме на време, не сакаваме да си одиме вечерта, вели Врањеш.

Потсетуваме, фудбалерот минатата одина се најде во центарот на вниманието кога ислива неговата афера со Јелена Карлеуша.

(Фото) Берни Сандерс на најдобар начин ја користи моменталната популарност

Фотографијата на сенаторот Берни Сандерс од инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден станал интернет сензација. Сега, маици со виралната фотографија од Берни може да стане дел од вашата гардероба, пишува "CNN".

Соработниците на Сандерс од кампањата одлучиле да продаваат маички со сега веќе легендарната фотографија од "мрзеливиот Берни" според која се направени безброј мемиња, а целиот приход од продажбата е наменет за организацијата "Meals on Wheels", која делува во матичната држава на сенаторот, Вермаунт, и обезбедува бесплатни оброци за лица помлади од 60 години со хронични заболувања и инвалидитет.

Црната памучна спортска маичка чини 45 долари и се произведува во САД. Изгледа дека е популарна исто како и нејзиното меме, бидејќи е веќе распродадена, пишува на интернет страницата на која се нарачува. Потенцијалните купувачи се предупредени дека можеби ќе мора да чекаат и до осум недели за нејзината испорака.

"Како да не го сакаш симпатичниот Берни Сандерс кој продава спортска маица со меме, а 100 проценти од приходите одат за хуманитарни цели", твитнал еден корисник.

Сенаторот пред три дена ги коментирал бројните реакции за учеството на инаугурацијата на Џо Бајден.

"Па јас само седев, настојувајќи да се загреам и да обратам внимание на тоа што се случуваше околу мене", рекол тој со насмевка на лицето за време на гостувањето на "Late Night Show".

(Фото) Исплива фотографија од Моника Белучи стара 30 години

На Инстаграм профилот „History jpg“, кој објавува фотографии од минатото, се појави фотографија од актерката Моника Белучи.

На фотографијата стара 30 години Моника Белучи изгледа неверојатно во црвен фустан и сите очи се 'вперени' во неа. Убавата актерка и денес изгледа речиси исто како тогаш.

Коментарите од нејзините обожаватели се различни, сите велат дека е прекрасна, но многумина потенцираат и дека воопшто не се променила.

Актерката со италијанско потекло е родена во 1964-та година, кариерата ја започнала како модел, глумела во италијански филмови, за набрзо кариерата да ја продолжи во Холивуд.

Глумела во неколку филмови кои доживеале планетарен успех, како што се „The Passion of the Christ“, „Brotherhood of the Wolf“, а во филмот „Spectre“, од 2015-та година, била најстарата девојка на Џејмс Бонд.

Двапати беше во брак. Првиот брак со италијански фотограф траел само неколку месеци, додека со францускиот актер со кој била во брак до 2013-та година има две ќерки. 

(Фото) Станија позираше "како од мајка родена"

Српската старлета Станија Добројевиќ,  позната по учеството во неколку реални шоу, е позната и по честото објавување на провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Старлетата сега направи селфи во огледало по сончањето во солариум и на сите им го покажа голото тело. Градите ги покри со рацете, а на себе носеше само гаќички.

Погледнете:

Популарно