Почина сопственикот на најпознатата и најстара слаткарница во Скопје-Апче

Пријатели, роднини, познаници преку социјалните мрежи се простуваат од Елам Кадриа, сопственик на познатата скопска слаткарница „Апче“.

Според објавите на социјалните мрежи, бате Елам како што многумина го нарекувале, починал пред два дена на 12-ти. Погребот бил одржан вчера во тетовско Јаловјане.

–Со длабока болка и жал ви сопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот пред се татко, дедо и газда на слаткарница Апче со големо срце почина. Погребот со сите протоколи ќе биде на гробиштата во Село Јаловјане Тетово во 13 часот со почит од персоналот на слаткарница Апче. Пред се ве известуваме дека нашиот газда не е починат од корона вирус, стои во објавата.

Архитектонско „ремек дело“ во скопски Карпош

Меѓу новите згради кои никнуваат во Скопје на улица Багадска во Тафталиџе се гради нов објект кој се коси со многу урбанистички правила и прописи.

Балконите на новата зграда се веднаш до оние на соседната зграда.

Без вода утре корисници од општина Карпош

Од 9 часот утре без вода ќе бидат корисници на дел од ул. „Атинска“, бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ згради бр.72 и 74 и пунктот на Пожарна во општина Карпош, соопшти РЦУК по известување од ЈП „Водовод“.

Прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради промена на два затворача од Ф-400мм на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на крстосница со бул. „8 Септември“ во населба Тафталиџе и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Жирафата Тобого која беше една од омилените животни во Скопската зоолошка градина угина ненадејно

Жирафата Тобого која беше една од омилените животни во Скопската зоолошка градина угина ненадејно, соопштија од зоолошката.

Како што велат оттаму причините се уште се непознати.

Како што е соопштено жирафата угинала ненадејно вчера, а денеска ѝ била направена обдукција при што не биле констатирани физички повреди.

„Во наредните денови ги очекуваме целосните резултати за причината за угинувањето на Тобого.

Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка.

Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување“, велат од Зоолошката градина.

Тобого е роден во Франкфурт, Германија во декември 2010, а жител на Скопје Зоо беше од 5 ноември 2013.

Популарно