Архитектонско „ремек дело“ во скопски Карпош

Меѓу новите згради кои никнуваат во Скопје на улица Багадска во Тафталиџе се гради нов објект кој се коси со многу урбанистички правила и прописи.

Балконите на новата зграда се веднаш до оние на соседната зграда.

Изменет сообраќаен режим на повеќе автобуски линии во Скопје

Ве информираме дека денеска, петок (26.02.2021 година), поради најавен протест и блокада на повеќе сообраќајници, голем дел од автобуските линии ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. По изменети траси ќе возат:

ЛИНИИИ 2 и 2А (Сарај – Автокоманда/Железара)

Автобусите ќе се движат по траса по булевар „Партизански одреди“ до Соборен храм, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ (Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал и ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИИИ 2 и 2А (Автокоманда/Железара – Сарај)

Автобусите ќе се движат по траса по булевар „Александар Македонски“ до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРМ 1, Југо дрво, Зелен пазар, Рекорд Соборен храм и ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 8 (Влае – Љуботенски пат)

Автобусите ќе се движат по траса по булевар „Илинден“ до пред Влада на РМ, потоа преку булевар „Климент Охридски“, преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал, булевар „Никола Карев“, населба Железара, ќе продолжуваат на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, старо кино Бутел и продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 8 (Љуботенски пат – Влае)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до старо кино Бутел, населба Железара, ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“ до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРМ 1, потоа преку Југодрво, Рекорд, ќе продолжуваат на булевар „Климент Охридски“ покрај Соборен храм на булевар „Илинден“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 9 (Клинички центар – Скопје Север)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до Југодрво, потоа преку „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал, булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, улица „Кемал Сејфула“, стадион Чаир, СУГС „Цветан Димов“ и ќе продолжуваат до СУГС „Арсени Јовков“

ЛИНИЈА 9 (Скопје Север – Клинички центар)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до СУГС „Цветан Димов“, потоа по улица „Кемал Сејфула“ покрај стадион Чаир, улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, населба Железара ќе продолжуваат по улица

„Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“ до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, преку псотојка НБРМ 1, Југодрво и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИИТЕ 11, 11а, 64, 64А

Автобусите ќе се движат по редовната траса ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ (Дрво декор), „Веро Џамбо“ до Транспортен центар

ЛИНИИТЕ 11, 11а, 64 и 64А

Автобусите од Транспортен центар, преку постојка НБРМ 1, ќе продолжуваат кон Југодрво, па преку Рекорд, Соборен храм ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 12 (Сарај – Саем)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Зелен пазар кон „Веро Џамбо“, па по улица „Беласица“ до Саем

ЛИНИЈА 15А (Карпош 4 – Ново Лисиче)

Автобусите ќе се движат по редовната траса по булевар „Илинден“ до пред Влада на РМ, потоа преку булевар „Климент Охридски“, потоа преку Рекорд, Зелен пазар ќе продолжуваат по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање

ЛИНИЈА 16 (Пржино – Железара)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до Градска болница, па од кај Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 16 (Железара – Пржино)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРМ 1, Југодрво и ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 17 (улица „Островска“ – Музеј на современа уметност)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом и тука ќе завршува

ЛИНИЈА 17 (Музеј на современа уметност – улица „Островска“)

Почетна постојка ќе биде кај Работнички дом, па по улица „Кеј 13 Ноември“, „Веро Џамбо“ ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИИ 18 и 118 (Визбегово – Транспортен центар)

Автобусите ќе се движат по редовна траса до ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), Веро Џамбо до Транспортен центар

ЛИНИИ 18 и 118 (Транспортен центар – Визбегово)

Автобусите ќе се движат од Транспортен центар, постојка НБРМ 1, потоа преку Југодрво, Рекорд, до Соборен Храм и ќе продолжуваат по редовната траса

ЛИНИЈА 18 а (Транспортен центар – Визбегово)

Автобусите ќе се движат од Транспортен центар, по улица „Беласица“ кон Континентал, по булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, улица „Кемал Сејфула“, стадион Чаир, СУГС „Цветан Димов“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 18 а (Визбегово – Транспортен центар)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до СУГС „Цветан Димов“, по улица „Кемал Сејфула“ покрај стадион Чаир, улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар

ЛИНИЈА 19 (Карпош 4 – Шуто Оризари)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до ТЦ „Буњаковец““, потоа преку Рекорд, Зелен пазар, „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал, па по булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 19 (Шуто Оризари – Карпош 4)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до Поликлиника Чаир , населба Железара, ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда, до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРМ 1, Југодрво, Зелен пазар , Рекорд, Соборен Храм и ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 20 (Транспортен центар – Шуто Оризари)

Автобусите ќе се движат од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ кон Континентал, булевар „Никола Карев“, населба Железара, ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир, улица „Кемал Сејфула“, стадион Чаир, СУГС „Цветан Димов“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање.

ЛИНИЈА 32 (Љубин – Транспортен центар)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до ТЦ „Буњаковец“, потоа преку Рекорд, Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември) ( Дрво декор), „Веро Џамбо“ до Транспортен центар

ЛИНИЈА 32 (Транспортен центар – Љубин)

Автобусите од Транспортен центар, преку постојка НБРМ 1, преку Југодрво, Рекорд, до Соборен Храм и ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 35 (Ново Лисиче – Скопје Север)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до Транспортен центар, па по улица „Беласица“ кон Континентал, по булевар „Никола Карев“, преку Железара, улица „Ферид Бајрам“, Поликлиника Чаир и ќе продолжуваат по својата редовна траса

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на сообраќање

ЛИНИЈА 43 (Дом на печат – Јужноморавски бригади)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал и ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 43 (Јужноморавски бригади – Дом на печат)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРМ 1, Југодрво, Зелен пазар и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса

Линија 45 (Транспортен центар – Ченто)

Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ кон Континентал, ќе се движат по булевар „Никола Карев“ и ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 45 (Ченто – Транспортен центар)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар

ЛИНИИ 47, 61, 71 и 81 (Љубанци, Побожје, Бањани, Блаце – Транспортен центар)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до Бутел старо кино, населба Железара ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар

ЛИНИИ 47, 61, 71 и 81 (Транспортенц центар – Љубанци, Побожје, Бањани, Блаце)

Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ ќе се движат кон Континентал, преку булевар „Никола Карев“, населба Железара, па ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 47А (Транспортен центар – Љуботен)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до старо кино Бутел, населба Железара, па ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда, до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар

ЛИНИЈА 47А (Љуботен – Транспортен центар)

Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ ќе сообраќаат кон Континентал, па по булевар „Никола Карев“, населба Железара ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 50 (Хиподром – Клинички центар)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРМ 1, Југодрво, Зелен пазар и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИЈА 50 (Клинички центар – Хиподром)

Автобсуите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом, па по улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал и ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИИ 57 и 59 (Козле, Карпош 3 – Радишани, Кучевичка бара)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до Работнички дом, улица „Кеј 13 Ноември“ ( Дрво декор), „Веро Џамбо“, улица „Беласица“ кон Континентал, булевар „Никола Карев“, населба Железара, ќе продолжуваат на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, старо кино Бутел и ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИИ 57 и 59 (Радишани, Кучевичка Бара – Козле, Карпош 3)

Автобусите ќе се движат по редовната траса до старо кино Бутел, населба Железара, ќе продолжуваат по улица „Ферид Бајрам“, булевар „Никола Карев“, Автокоманда, до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“ по улица „Беласица“, постојка НБРМ 1, Југодрво, Зелен пазар и ќе продолжуваат по својата редовна траса

ЛИНИИТЕ 52, 53, 54, 55, 55а, 55в, 62, 63а, 63б, 65, 65а, 65б, 65в, 66, 66а и 68

Автобусите од Транспортен центар, преку улица „Беласица“ ќе се движат кон Континентал, па преку булевар „Никола Карев“ ќе се приклучуваат на својата редовна траса

Во обратна насока ќе се движат по редовната траса до Општина Гази Баба, потоа преку клучка „Континентал“, па по улица „Беласица“ ќе продолжуваат кон Транспортен центар

НАПОМЕНА:

Во случај да биде затворена улица „11 Октомври“, сите линии кои сообраќаат кон Карпош, ќе бидат пренасочени по улица „Кирил и Методиј“ преку Рамстор, а во обратна насока по улица „Железничка“ кон Транспортен центар.

Одделение за односи со јавност, ЈСП СКОПЈЕ

ПОРАДИ НЕРАСЧИСТЕН СНЕГ ВО ЖДАНЕЦ: Ранко Бубамара паднал на глава

Ранко Петровиќ сопственикот на Радио Буба Мара вечерва на социјалните мрежи реагираше на лизгавите улици поради кои ризично се повредил.

“Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи на градоначалник на Општина Карпош Stefan Bogoev , кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија , за вечерва да станат опасна ледена лизгалица иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира.

Вечерва до 19 часот околу 5 возила се пролизгаа и чукнаа, јас и неколку комшии , го слушнавме ударот , веднаш го затворивме горниот приод на низгорницата, по некое време видовме дека некој повозрасни комшии , тешко се качуваат нагоре пешки, со чести паѓања , пробавме да дојдеме до нив ,но за жал и јас опасно паднав на глава ( како на цртан филм) , не се сеќавам баш на се , но знам дека по некое време со пузење стигнаа неколку комшии ( Бошко , Дарко итн) , лесно ме освестиле , дојдоа и други , не се сеќавам некој беа со маска, некој без маска( да се надеваме дека не си споделивме корона) и некако ме станаа и донесоа дома.

Сега за сега сум добро , само со укочен врат и желба за промена на наспособниот градоначалник на кој му порачувам да дојде лично со неговите родители и да влезе во неговиот личен автомобил и да се симне со кола по оваа негова прскана низгорница , а ако може, нека проба после и пешки.

За крај да се молиме, деновиве да нема потреба од брза помош или против пожарно возило , другото само ќе си дојде.

Без струја утре повеќе делови од Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Сарај, Карпош и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Лазар Поп Трајков“, броеви 25, 27, 29, 31 и 33 во Општина Гази Баба.

Во периодот од 08:45 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ во Општина Сарај.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Крушопек, Општина Сарај.

Во периодот од 10:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од  улицата „Варшавска“ во Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Балканска“ и „Жил Верн“, како и корисниците кои се напојуваат од воздушната мрежа, Општина Кисела Вода. 

Популарно