Медиумите во регионот се збогуваат со легендата: "Балашевиќ не може да умре"

Балканската музичка легенда Ѓорѓе Балашевиќ почина на 67 години како последица на вирусот Ковид-19. Веста за смртта на кантавторот го шокираше регионот. Се простуваат и стари и млади. Освен тоа, со него се простуваат и медиумите од региониот.

Хрватскиот „Вечерњи лист“ пишува дека Балашевиќ не бил само пејач, туку ја толкувал и главната улога во телевизиската серија „Специјална редакција“, но и оти глумеше во „Војници“ , „Поп Чира и поп Спира“, како и во реализацијата на „Паноски морнар“. Тие исто така потсетуваат дека Балашевиќ напишал неколку книги, и дека бил колумнист и за „Вечерњи лист“.

За својата работа има добиено бројни награди, а УНЕСКО го прогласи за амбасадор на добра волја. Кон крајот на својот живот, тој стана колумнист и за „Вечерњи лист“, каде објавуваше статии во сабота – пишува „Вечерњи лист“.

Балашевиќ издаде 12 соло студиски албуми и уште седум компилации од неговите најголеми хитови. „Јутарњи лист“ се осврна на неговото однесување за време на балканските војни во 90-тите, со оглед на тоа што беше обожуван од илјадници луѓе низ цела поранешна Југославија.

– Кога започнаа сите тие гужви, извици, барикади, се обидов да бидам смирен. Знаев дека барикадите се секогаш најбрзи, никогаш најмудри. Адреналинот во мојата крв ги водеше луѓето кон избрзани постапки. Сакав да ја направам вистинската работа, и не беше лесно. Одлучив да учествувам во сето ова сè додека – нема да учествувам. Мојата кариера е целосно прекината. Бидејќи зборував против некои српски политичари со име и презиме, следуваа ноќни повици, удирање на прозорецот, дупчење гуми на автомобили … Но, моето семејство одлучи дека ќе го издржиме сето ова заедно и ме поддржуваше во сите мои постапки – рече Балашевиќ за тој период од неговиот живот, пишува „Јутарњи лист“.

Хрватскиот портал „24 сата“ потсетува дека „панонскиот морнар“ доживеал срцев удар на крајот на 2019 година, по што биле поставени стентови.

– Имав малку неволја. Бев во болница четири дена. Ми рекоа дека ќе можам да трчам. Не верувам … Имам сто години! Но, се надевам дека ќе можам да продолжам таму каде што застанав – напиша тогаш Балашевиќ на социјалните мрежи.

Како што пишува „Аваз.ба“, Балашевиќ бил „голем пријател на Босна и Херцеговина, голем пријател на Сараево“. Последен пат настапи во сараевската Скендерија во февруари 2018 година, а концертот го нарече „20 години од ТИЕ концерти“.

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно