(Фото) Кога патниците ја гледаат неа зад воланот остануваат без зборови

Возачката на автобус вели дека постојано ѝ велат дека е премногу убава за оваа работа, но и покрај се таа ужива во својата професија.

24-годишната Џоди Ли од Бренвуд во Лос Анџелес рекла дека секојдневно добива коментари на сметка на изгледот.

Џоди љубовта кон возењето на автобус ја развила уште како дете. Три години работела како негувателка пред да почне да вози автобус. Признава дека често е во центарот на вниманието поради својот изглед.

„Добивам многу коментари од патниците, во главно мажи. Кога ќе влезат во автобус, секогаш е истата реакција и секогаш ми велат дека сум убава, или дека не виделе толку убав возач", вели Џоди.

„Луѓето ми велат дека сум премногу убава да бидам возач, од жените добивам коментари на сметка на мојата шминка и нокти", додала таа.

Џоди вели дека нејзиниот изглед и го отежнува дружењето со колегите возачи. Вели дека проблем се и нејзините години, бидејќи нема жена возач на нејзина возраст.

Оваа убавица вели дека планира да вози автобус до својата пензија. Таа е квалификувана за возење на автобус и лимузина, и мора да полага испити за да остане во најдобра форма.

„Кога ја напуштив работата како негувателка, сфатив дека отсекогаш сакав да возам автобус", објаснил таа.

„Како мала секогаш седев до возачот и сакав да гледам. Морав да положам многу тестови за да станам возач и не е лесно како што мислат луѓето. Се полага тест по англиски и математика и околу пет различни модули пред да почнете да работите", заклучила Џоди.

ФОТО: Еден погрешен чекор покажа што носи под фустанот

Албанската пејачка направи голема грешка со фустанот кој го облекла, а папараците подготвено ја дочекаа. Рита Ора никогаш не ја криела наклонетоста кон провокативната облека, но вчера направи грешка.

Пејачката, имено, се појавила на една прослава во Лондон, а за таа прилика одбрала огнено црвен фустан со длабоко деколте и со уште подлабок шлиц на нозете. Сето тоа го искомбинирала со црвен детаљ на главата, но ниту тој не го одвлекол вниманието од тоа што се случило.

Секој чекор бил ризичен за пејачката во овој фустан и на крајот и се случило неизбежното, па еден незгоден чекор покажал што крие Рита Ора под фустанот.

(Фото) Јована Јеремиќ ослабе за само една недела, ова е нејзината тајна

Водителката Јована Јеремиќ, која наскоро ќе се проба себеси и како актерка, вели за себе дека е вистинска мачка откако ослабела, а вишокот килограми го отстранила со помош на нутриционист, на кого му се обратила штом видела дека качила килограми.

-Се грижам за тоа што јадам. Сфатив дека ако јадам што сакам, ќе изгледам како гардеробер со три врати. Но, во последните три месеци се здебелив, што не се гледа на телевизија, но свесна сум за тоа, бидејќи секое утро се мерам на вага. Затоа веднаш почнав да јадам по совет на нутриционистот и за една недела го изгубив вишокот! Сега треба само да ја одржувам тежината, изјави Јована Јеремиќ, која вели дека претходно имала вишок килограми, но дека на мажите тоа не им пречело.

-Како девојка имав 58 килограми. Отсекогаш сум била привлечна за мажите. Кога учев, тие реагираа на мене, иако никогаш не бев средена. Во тој период најмногу вложив во своето знаење и не ми беше важно како изгледам. Меѓутоа, кога завршив четврта година на Правниот факултет, сфатив во каков свет живееме. Ако сакам да направам нешто, морам да станам мачка, изјави Јована, водителка на Пинк.

ФОТО: Девојки запрепастени од она што го виделе на фотографија од Ибица

Фотографија од девојки од Велика Британија стана популарна преку ноќ, поради еден дтаљ кој се крие на неа.

Одоморот на Ибица за три пријателки се претворил во мини пекол откако ги изгубиле патните исправи.

Имено, девојките се фотографирале во ноќен клуб и истата вечер ги изгубиле пасошите. Неколку денови биле потребни за издавање на пасоши за итни случаи за да се вратат дома. Новата документација ја чекале четири дена, а пасошите им биле всушност пред нос.

На фотографијата од забавата се гледаат пасоќшите и паричник пред нивните нозе. Не ги виделе дека се таму, се додека не ја погледнале фотографијата.

„Мислам дека некој ги фрлил или можеби само и украл. Се испостави дека цело време биле пред нас“, напишале девојките на Твитер.

Популарно