Почна судењето за „Монструм”

Под силно полициско обезбедување денеска во Кривичниот суд Скопје, почна последното рочиште за петкратно убиство кај Смилковско eзеро на 12 април 2012 година.

За кривичното дело „тероризам” во овој судски предмет се обвинети Халил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ. Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, за овие обвинети од судот побара да име се изречат максимални казни. Додека за обвинетите Фејзи и Хаки Азири, обвинителката Фетаи, посочи дека висината на казните треба да биде до 15, односно до 9 години затвор.  Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута.

По правосилната пресуда од скопска Апелација во 2014 година за овој случај беа поднесение жалби до Врховен суд на РМ, кој во ноември 2017 година донесена одлука да се укинат пресудите на Кривичниот и Апелацискиот суд во Скопје. Со ова одлука и обвинетите после пет и полгодини затвор беа пуштени да се бранат од слобода.

Убиствата кај Смилковското езеро се случија на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред празникот Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

извор: sitel.com.mk

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно