(Фото) Се сеќавате ли на неа, сите ги знаеја нејзините песни - премногу рано се повлече од естрадата

Пејачката Весна Писаровиќ пред 20-на години уживаше во својата популарност ширум регионот. Таа исто така имаше свои многубројни хитови, како на пример песната „Да знаш“, но на големо изненадување на сите таа одлучи да се повлече од пејачката естрада.

Весна е родена во Брчко. Првиот албум го објавила во 2000 година, а во 2002 година ја претставуваше Хрватска на Евровизија, додека пак во екот на својата слава одлучи да направи пауза од својата музичка кариера.

Пред 12 години таа се венчала со Озрен Пуповац, син на хрватскиот политичар Милорад Пуповац и со него се преселила во Берлин. По извесно време се вратила на музиката, но се посветила на друг жанр - џезот.

„Можам само да кажам дека не жалам за ништо поради оваа радикална промена - одлуката да создавам џез музика. Без оглед на трнливиот пат и долгогодишните промени, разни жртвувања и секојдневни дисциплини, всушност тоа непрекинато ме исполнува“, изјавила Весна за српски „Блиц“ која што во месец април годинава ќе наполни 43 години. 

(Фото) Огуз од турската серија „Кога лисјата паѓаат“ има сопруга и две деца

Турската серија „Кога лисијата паѓаат“ своевремено беше хит во Македонија, а сега љубителите на турските драми имаат можност репризно да ја гледаат, овој пат на телевизија Алфа.

Актерот Толга Карел кој го игра ликот на лошиот Огуз во 2006 година се прослави со оваа улога.

Тој денес има 42 години, се откажа од актерството, живее во Америка со втората сопруга и двете деца, а по професија е камионџија.

Рабирливо, денес изгледа поинаку, побелен и проќелавен, а ова се неговите приватни фотографии на Инстаграм:

(Фото) Деми Роуз уште еднаш докажа зошто важи за „кралица на облините“

Британскиот модел Деми Роуз уште еднаш покажа зошто ја носи титулата „Кралица на облините“. Имено таа се сочнше топлес, па фотографијата ја објави на Инстаграм.

„Фати ме ако можеш... работам намојот тен“ напиша Роуз, а нејзините фанови зибезумени коментираа дека гори од сексапил.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Demi Rose (@demirose)

(Фото) Џенифер Лопез „го заслепува светот“ со својот изглед и на 52 години

Џенифер Лопез „го заслепи светот“ со својот сјај на овогодинешниот Филмски фестивал во Венеција. На промоцијата на филмот „The Last Duel“, се појави со својот партнер Бен Афлек.

Ова е нивно прво појавување на црвениот тепих по обновувањето на нивната романса. Жорж Хобеика беше нејзиниот избор за облека за премиерата на филмот, но нејзиниот стајлинг беше надополнет со накит од Картие и сребрени сандали од Џими Чу.

Погледнете како парот „ги крадеше погледите“ на присутните.

Популарно