(Фото) Манекенката Димитриевска славеше со синот

Синот манекенката Кристина Димитриевска и Даниел Кајмакоски вчера славеше роденден, а таа гордаа мајка сподели неколку фотографи.

„Од кого знам за тебе, постојам ... само јас и мило мое. Од првиот момент, па засекогаш!“ напиша таа на фотографијата на која позира заедно со својот син.

Облечена во бел фустан со пердуви Димитриевска изгледаше совршено, како бел лебед!

(Видео) Познати колеги ѝ испраќале непристојни понуди

Раперката и модел Иги Азалеа, на ТикТок објавила пораки со неморални понуди кои ѝ ги испраќале рапери и други познати личности.

Иги Азалеа (30) објавила приватни пораки во кои истакнати рапери и други познати личности ѝ даваат непристојни понуди.

Во видеото кое го споделила на нејзиниот ТикТок, раперката, меѓу останатото, открила и дека некој ѝ понудил 15 илјади долари за да разговара со неа. Иако ги сокрила имињата на мажите кои ѝ ги испратиле пораките на Инстаграм, според нивниот број на следбеници може да се заклучи дека станува збор за познати личности.

„Ти си мојата девојка од соништата“, ѝ напишал некој кој на социјалната мрежа го следат 12 милиони корисници, додека Инстаграм корисник со 27 милиони следбеници ѝ порачал дека сака да ја бакнува на интимното место.

Покрај многуте сексуални понуди, добила и брачни, а ѝ порачувале и дека ќе се грижат за неа и нејзиниот едногодишен син Оникс подобро од неговиот татко, музичарот Плејбој Карти (24) со кој раперката е во врска од 2018-та година.

„Раперите во мојот телефон, во моите пораки, не сакаат да ме остават намира“, рекла раперката во својата најнова песна „Sip It“.

Да потсетиме, Иги Азалеа, чие вистинско име е Аметист Амелија Кели, кариерата ја започнала на 16 години кога се преселила во Мајами, а светска слава стекнала со хитот „Fancy“.

@thenewclassic

ha ha ha as if!?!?! 🙃 stay outta my DMs uglies.

♬ Sip It - Iggy Azalea & Tyga

(Фото) Лила Филиповска: „Ми дом полн со безусловна и посебна љубов“

Македонската водителка Лила Филиповска е една од најпопуларните во моментов. Секоја нејзина објава на социјалните мрежи привлекува огромно внимание.

Публиката премногу се интересира за нејзиниот приватен живот.Таа зад себе има два брака, но се надева и на трета среќа.

Водителката не открива дали е вљубена и не зборува за приватноста, но со своите објави знае да ја „скокотне“ фантазијата кај народот.

Таа напиша емотивна порака, но за нејзината мачка, кој може да се види скоро на сите нејзини фотографии на социјалните мрежи.

„Да, можеби јас му го спасив животот, и му подарив дом, храна и љубов...ама и тој мене ми подари еден поинаков живот, и дом полн со безусловна и посебна љубов  Рагнар еден посебен и пресладок мачор“, напиша Лила во опис на фотографиите со мачорот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

(Фото) Лила Филиповска: „Кој ќе ме трпи“

Македонската водителка Лила Филиповска е една од ретките на јавната сцена која максимално вложува во својот изглед и секако тоа раѓа со плод.

Лила се уште е една од најпопуларните, но и најзгодните водителки во земјава.

Таа секогаш ги следи и најновите модни трендови и често на социјалните мрежи знае да се пофали со новитетите во нејзиниот гардеробер.

Поради динамичниот начин на живот, водителката ретко се храни дома. Но, сега ги изненади своите фанови кога соопшти дека си купила електрично тенџере и дека сама си подготвува храна.

-Се плашам само да не се навлечам на готвење, па после кој ќе ме трпи – се пошегува Лила на своја сметка.

Популарно