Раката му е во гипс: Сведоштво на новинарот кој беше повреден на протестот за „Монструм“

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ.

Екипа на Брза помош му помогнала на лице место, а во стара Градска болница раката му ја ставиле во гипс.

– Бев качен на средишната жардиниера на булеварот кога ме погоди бекатон коцка в грб. Изгубив рамнотежа и да не паднам во жбуновите се извртев и паднав право во шахта без капак на улицата. Едната нога ми пропадна и ја скршив раката – вели Столковиќ кој вчера останал до 21 часот во полициска станица за да даде изјава, пишува Нова Македонија.

Колегите имаат снимка од моментот на ударот и од тоа како паѓа, која Столковиќ рече ќе ја објави кога ќе ја добие.

– Сега сум добар. Ми рекоа дека 50 дена ќе треба за да ми заздрави раката, толку години сум имал – вели тој.

За повредите на Стоилковиќ јави и МВР.

– Вчера околу 17.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.С.(49) од Скопје пријавил дека, додека бил работно ангажиран како новинар за време на протестот за случајот „Монструм“, бил погоден со тврд предмет од толпата демонстранти, по што во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти МВР.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно