Четири трудници позитивни на Ковид-19 хоспитализирани на ГАК

Вкупно 667 пациенти позитивни или сомнителни на коронавирусот се лекуваат во болниците низ државата и има околу 384 празни болнички кревети. На  инфективните оддели во Скопје се хоспитализрани 256, а во ковид-центрите во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат 411 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците во Битола и Штип се хоспитализирани по 32 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 24, во Велес се лекуваат 26, во Куманово 53, во Охрид 55, во Прилеп 73 пациенти, четворица во Гостивар, 19 во Струга. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17, во Кочани шест,  во Кичево осум, Кавадарци  – 45, четворица во Гевгелија и 13 во Дебар.

Во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. На интерните клиники имало 11 приеми на пациенти, во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември’ шест, седум приеми на Инфективната клиника и во Козле шест нови пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени седум оздравени пациенти.

Вкупно 256 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД-19 се лекуваат во моментов на инфективните оддели во болниците во главниот град. Во ковид-центарот на Клиниката за кожни болести лежат 16 пациенти, на Неврологија 26, на Институтот за ТБЦ – 36 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има 80 болни, на Инфективната клиника  81, а во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти.

На Гинекологија има четири хоспитализирани ковид-позитивни пациентки.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Министерството за здарвство соопшти дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. 

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно