Скопјанец на возраст од 26 години откако го прележал корона вирусот, доживеал срцев удар

Скопјанец на возраст од 26 години откако го прележал корона вирусот, доживеал срцев удар. Тој итно бил примен во болница, при што докторите за да му го спасат животот морале да му вградат стент.

За жал тој не е единствениот случај на млад пациент кој што добил посериозни компликации по прележувањето на вирусот. Покрај него уште двајца луѓе кои не биле постари од 30 години, биле примени во ГОБ 8 Септември со последици од вирусот. Интернистот доктор Владимир Ристовски за Алфа.мк изјавил дека расте бројот на пациенти со сериозни компликации по прележаниот вирус.

– Имаме доста голем број на пациенти кои развиваат срцева слабост после прележан Ковид, имаме пациенти кои што развиле акутна тромбоза, односно акутно запушување на долните екстремитети како компликација од вирусот Ковид 19. А имаме и пациенти кои за жал се повеќе млади, кои веќе прележале Ковид пред месец или два, а сега доаѓаат во фаза на акутна тромбоза на крвните садови на срцето, односно со акутен миокарден инфаркт. Тој број на пациенти е зголемен и се уште ќе се зголемува во наредниот период со оглед на тоа дека компликациите коишто биле претходно ги согледуваме сега и ги третираме сега, вели интернистот д-р Владимир Ристовски.

Целата вест може да ја погледнете на АЛФА

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно